Микрохирургија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Микрохирургија
Медицинска процедура
Микроскопска игла поминува низ човечко влакно
MeSHD008866

Микрохирургија е општ термин за хирургија при која се користи микроскоп за оперирање. Најразвиени се постапките на анастомоза на помали крвни садови и нерви (обично 1 mm во пречник) кои се пренесуваат од ткиво од еден во друг дел од телото. Микрохирургиските техники денес се користат во повеќе специјалности, како: општа хирургија, офталмологија, ортопедска хирургија, гинеколошка хирургија, оториноларингологија, неврохирургија, орална и максилофацијална хирургија, пластична хирургија, подијатриска хирургија и педијатриска хирургија.