Миклош Радноти

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Миклош Радноти

Миклош Радноти, роден како Миклош Глатер (унг. Radnóti Miklós, 5 мај 1909 - 10 ноември 1944) е унгарски поет и жртва на Холокаустот.

Ран живот[уреди]

Радноти е роден во граѓанско еврејско семејство. Врз неговиот живот големо влијание ќе има фактот дека и мајка му, и неговиот брат близнак ќе умрат при неговото раѓање.

Иако во текот на неговите последни години ќе биде често прогонуван поради своето еврејско потекло, многу јасно го пројавува своето национално унгарско чувство во текот на своето творештво. Во неговата поезија, авантгардата и експресионистичките импресија се мешаат со новиот класичен стил, особено во неговите еклоги проникнати со голема инспирација и со треперлива лирска исповед кон саканата жена. Во 1935 година се венча со Фани Ѓармати (родена 1912 година). Нивниот брак е особено среќен.

Радноти станува католик во 1943. Оваа одлука е делумно плод на фактот што унгарските Евреи биле протерувани (за разлика од христијаните, кои на почетокот биле изоставани), но и поради тоа што долго време бил фасциниран од оваа религија.

За време на холокаустот[уреди]

Во текот на раните четириесетти, мобилизиран е од унгарската армија, но бидејќи е Евреин, префрлен е на украинскиот фронт, во баталјон кој служи само како поддршка на воените дејствија. Во мај 1944, поразените унгарци се повлекуваа, а баталјонот на Радноти е прекомандуван во Бор, Србија да ги чува рудниците за бакар. Во август истата година, како разултат на налетот на Тито и партизаните, групата на Радноти, составена од 3200 унгарски Евреи е приморана да се повлече во Централна Унгарија. Многу малку остануваат жив. Радноти ќе ја има судбината да не биде меѓу нив. Во текот на овие неколку месеци, Радноти продолжува да пишува песни во мала тетратка која постојано ја носи со себе. Според сведоци, во раниот период на ноември 1944, Радноти е брутално претепан од еден пијан полицаец, кој го измачувал поради тоа што Радноти "шкртал нешто". Преслаб за да продолжи, несреќно завршува во логор, каде по нови измачувања, стрелан е од фашистите во Абда, северозападна Унгарија, каде неговото тело е фрлено во масовна гробница.

Денес, статуа до патот, во близина на ова место, го чествува Раднотиевиот живот и несреќна смрт.

Постхумно откривање на неговите дела[уреди]

Осумнаесет месеци подоцна, неговото тело е откопано и од предниот џеб на неговото палто е извадена неговата тетратка со песни. Овие песни се лирски и горчливи и се дел од онаа литература која го надживува холокаустот. Можеби најпознатите стихови на Радноти се оние од четвртата песна од неговиот циклус Razglednicák, каде го опишува стрелањето на еден друг човек и ја замислува сопствената смрт.

Надворешни врски[уреди]

Познати унгарски поети
XVI-XIX век: Балинт Балаши | Витез Михај Чоконаи | Јанош Арањ | Михај Верешмарти | Ференц Казинци | Ференц Келчеи | Шандор Петефи
XIX-XX век: Атила Јожеф | Деже Костолањи | Ендре Ади | Миклош Радноти | Михај Бабич | Ласло Наѓ