Микенски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Историја на
грчкиот јазик

(видете исто така: Грчко писмо)
Прагрчки (ц. 2000 п.н.е.)
Микенски (ц. 1600–1100 п.н.е.)
Старогрчки (ц. 800–300 п.н.е.)
Дијалекти:
Еолски, Аркадокипарски, Атички,
Дорски, Јонски

Коински (од ц. 300 п.н.е.)
Средновековен (c. 330–1453)
Современ грчки јазик (од 1453)
Дијалекти:
Кападокиски, Кипарски,
Демотски, Грико, Катаревуса,
Понтски, Цаконски, Јевански

Микенски јазик — најстариот докажан облик на грчкиот јазик, кој се зборувал на грчкото копно и на Крит од XVI до XI п.н.е., пред дорската инвазија. Јазикот е зачуван во записи во линеарното писмо Б, писмо измислено на Крит пред XIV век п.н.е.. Највеќето примери за ова писмо се наоѓаат на глинени таблици во Кносос и Пилос. Јазикот го носи името по Микена, првата пронајдена палата.

Таблиците долго време никој не можел да ги дешифрира, сè до дефинитивниот успех на Мајкл Вентрис во 1952 кога тој успешно покажал дека тоа бил ран облик на грчкиот јазик.

Текстовите на таблиците се главно пописни листи. на тој јазик нема зачувано никаква проза, приказни, поезија или митологија. Но сепак, од нив можеме да заклучиме многу за луѓето кои ги напишале, и за Микенскиот период воочи т.н. Грчко Темно доба.

Фонологија и ортографија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Линеарно писмо Б.

Микенскиот јази е зачуван во облик на писанија во линеарното писмо Б, и се состои од 200 слоговни знаци и логограми. Бидејќи линеарното писмо Б се развило од линеарното писмо А, писмото на недешифрираниот минојски кој не бил воопшто сроден со грчкиот, тоа наполно не ја рефлектира микенската фонетика: согласните грстови мораат да се разложуваат ортографски, и буквите р и л не се сѐ уште правилно подвоени, нити пак имаме подвојување за грчките фонолошки категории гласовни/безгласовни (освен денталите д, т) и аспирираните/неаспирираните; крајносложните л, м, н, р, с се испуштени.

Писмото разликува пет самогласки, а, е, и, о, у, полусамогласките w (кратко у) и ј, трите звучни букви, м, н, р и седум затворени букви, д, к, п, q (ку), с, т, з (сосе [kʲ], [gʲ] и [dʲ], гласови кои подоцна станале грчко ζ).

Така *крусос, „злато“ се пишувало со слоговните знаци 𐀓𐀬𐀰 ку-ру-со, *гвоус, „крава“ со знаците 𐀦𐀄 куо-у и *калкос „бронза“ до 𐀏𐀒 ка-ко.

Микенскиот грчки јазик се одликува со некои од архаичните караткеристики на индоевропскиот јазик, како усненозаднонепчена согласки кои се промениле по звук во зависност од контекстот со времето кога алфабетското грчко писмо почнало да се употребува неколку стотини години подоцна.

Корпус[уреди]

Главна статија: Корпус на Линеарното писмо Б

Корпусот на микенските записи се состои од околу 6000 таблици и керамички фрагменти запишани со линеарното писмо Б, од LMII до LHIIIB. Сеуште не се пронајдени преводи на ова писмо или пак споменици напишани на него.

Доколку е вистинско, Кафканиското камче кое датира од XVII век п.н.е., е најстариот микенски напис, и така најраното зачувано сведоштво за грчкиот јазик.

Извори[уреди]

Надворешни врски[уреди]