Микел Астарлоза

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Микел Астарлоза

Астарлоза на Тур де Франс 2007.
Лични податоци
Цело име Микел Астарлоза Шоро
Роден 17 ноември 1979 (1979-11-17) (34 г.)
Гипуцкоа, Баскија, Шпанија
Висина 1,86 м
Маса 72 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Пензиониран
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Професионални клубови
2002–2006
2007–2009
2011–2013
Аг2р Превојанс
Еускалтел-Еускади
Еускалтел-Еускади
Значајни победи
Тур Даун Андер (2003)
Последна промена
3 февруари 2014

Микел Астарлоза Шоро (шпански: Mikel Astarloza Chaurreau; р. 17 ноември 1979 во Гипускоа, Баскија) — поранешен шпански професионален друмски велосипедист, кој настапувал како професионалец од 2002 до 2009 и од 2011 до 2013 година.[1]

Кариера[уреди]

Во 2003 ја освоил својата прва трка, кога завршил пред Лени Кристенсен во генералниот пласман на австралиската трка Тур Даун Андер. Учествувал во сите изданија на Тур де Франс од 2003 и ја освоил етапата 16 на Тур 2009, кога ја забележал втората професионална етапна победа во некое натпреварување (за екипата Еускалтел), додека 9. место во генералниот пласман во 2007 бил неговиот најдобар резултат. Неговиот братучед Ињиго Шоро е исто така професионален велосипедист.

На 26 јуни 2009 се покажал позитивен на ЕПО, поради што бил суспендиран од UCI на 31 јули 2009.[2] Астарлоза негирал дека користел ЕПО, велејќи дека тоа би било „спортско самоубиство“ да користи нелегални дроги за постигнување резултати.[3] На 5 мај 2010 официјално бил казнет со двегодишна суспензија од шпанската велосипедска федерација. Астарлоза постојано ја истакнувал својата невиност, додека Еускалтел-Еускади објавиле дека повторно ќе го примат како нивен член по завршувањето на казната.[4] Ѝ се приклучил на баскиската екипа во август 2011, на Вуелта а Бургос.[5]

Астарлоза бил избран да вози на Тур де Франс 2012, но доживеал пад во големата несреќа на етапата 6 на 25 километри пред целта, каде се здобил со фактура на десниот лакот и не ја завршил етапата.[6]

На 1 октомври 2013, Астарлоза објавил дека ќе се повлече од професионалниот велосипедизам по завршувањето на Трката околу Пекинг.[1]

Достигнувања[уреди]

2003
1. Краен пласман Тур Даун Андер
3. Национално хронометарско првенство
2005
7. Трка околу Баварија
2007
7. Краен пласман Критериум ду Дофине Либере
9. Краен пласман Тур де Франс
10. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана
2008
4. Краен пласман Вуелта а Андалузија
4. Класика Примавера
6. Краен пласман Вуелта ал Паис Васко
5. Краен пласман Тур де Романди
7. Краен пласман Критериум ду Дофине Либере
16. Краен пласман Тур де Франс
28. Краен пласман Вуелта а Еспања
2009
4. Класика Примавера

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2012 2013
Jersey pink.svg Џиро
Jersey yellow.svg Тур 29 62 27 35 9 16 11 СО 42
Jersey red.svg Вуелта 77 СО 56 28 48

СО = се откажал

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]