Меѓународна мечувалска федерација
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Меѓународна мечувалска федерација | |
|---|---|
| Спорт | мечувалство |
| Основана | 29 ноември 1913 |
| Бр. на екипи | 135 |
| Мреж. место | http://www.fie.ch/ |
Меѓународната мечувалска федерација или FIE (фр. Fédération Internationale d'Escrime, англ. International Fencing Federation) е меѓународен регулативен орган на олимпиското мечувалство. Основана е на 29 ноември 1913 во Париз. Денес седиштето се наоѓа во Лозана, Швајцарија. FIE се состои од 135 национални федерации, признаени од нивните матични олимписки комитети како единствени претставници на таа земја.
Прв претседател на FIE бил белгиецот Алберт Фејерик (1913-21). Моменталниот претседател на федерацијата е Алишер Усманов од Русија.
Федерацијата го организира Светското првенство во мечување и Светскиот мечувалски куп.
Национални федерации [уреди]
Во организацијата членуваат 135 национални федерации.[1]
Наводи [уреди]
- ↑ Федерации-членки (англиски)
Надворешни врски [уреди]
- Меѓународна мечувалска федерација (FIE) (англиски) (француски) (шпански)
- Олимписки рекорди - FIE
- Календар на FIE
- Македонска мечувалска федерација (македонски)

