Меѓународна кинолошка федерација
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Меѓународна кинолошка федерација | |
![]() Лого на ФЦИ |
|
| Кратенка | ФЦИ |
|---|---|
| Гесло | За кучињата ширум светот. |
| Основана | 22 мај, 1911 |
| Цел | Промоција на кинологијата и заштита на кучешките раси |
| Седиште | Туин, Белгија |
| Членство | 84 земји преку национални кинолошки здруженија |
| Официјални јазици | Англиски, германски, француски, шпански |
| Главно тело | Генерално собрание |
| Мреж. место | http://www.fci.be |
Меѓународната кинолошка федерација, позната и по меѓународната кратенка ФЦИ (француски: Fédération Cynologique Internationale, FCI), е светска кинолошка организација, основана со цел да се промовира и заштити кинологијата и чистите раси на кучиња, со седиште во Белгија. Таа вклучува 84 членки и договорни партнери (по еден член од секоја земја) кои издаваат свои педигреа и ги обучуваат своите судии. Федерацијата се грижи педигреата и судиите да бидат меѓусебно признаени помеѓу членките. Покрај тоа, Федерацијата води регистар на раси на кучиња со прецизен опис. Според регистарот, денес има 339 признаени видови на кучиња. Исто така, Федерацијата води список на овластени судии од сите национални организации.
Спротивно на раширеното мислење, ФЦИ не издава педигреа, ниту пак чува информации за одгледувачите на кучиња. Овие задачи ги извршуваат националните кинолошки здруженија кои се членки на ФЦИ.
Содржина |
Натпревари [уреди]
ФЦИ го дефинира календарот на меѓународните изложби на кучиња. Според тој календар, секоја земја-членка организира меѓународни натпревари во убавина како и во работни проби на кучињата.
Наградите соодветно се нарекуваат:
- за убавина ЦАЦИБ (фран. Certificat d'Aptitude au Championnat International de Beauté = CACIB),
- за работни кучиња ЦАЦИТ (фран. Certificat d'Aptitude au Championnat International de Travail = CACIT),
- за послушност ЦАЦИОБ (фран. Certificat d'Aptitude au Championnat International d'Obéissance = CACIOB),
- за подвижност ЦАЦИАГ (фран. Certificat d'Aptitude au Championnat International d'Agility = CACIAG), и
- за брзина ЦАЦИЛ (фран. Certificat d'Aptitude au Championnat International des Courses de Lévriers = CACIL).
Резултатите ги потврдува Федерацијата. После определен број на освоени награди, едно куче може да добие титула меѓународен шампион во работа или во убавина.
Историја [уреди]
Меѓународната кинолошка федерација е создадена на 22. мај 1911 со цел да се промовира и заштити кинологијата и чистите раси на кучиња. Основачи на ФЦИ биле кинолошки здруженија од Германија, Австрија, Белгија, Франција и Холандија. Федерацијата исчезнала во текот на Првата светска војна, и била рекреирана во 1921., на 10. април. На 5. март 1968. ФЦИ станала правно инкорпорирана организација.
Структура [уреди]
ФЦИ се состои од следниве тела:
- Генерално собрание
- Извршен комитет и Генерален комитет
- Задолжителни комисии (за стандарди, научна, правна)
- Повремени комисии
Надворешни врски [уреди]
- Официјална страница на ФЦИ (англ, фран, герм, шпан.)

