Меѓународен стандарден идентификатор на имиња

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Меѓународен стандарден идентификатор на имиња, скрат. ISNI (од англиски: International Standard Name Identifier) — единствен број на создавачи на и учесници во медиумски содржини како книги, телевизиски емисии и статии во весници. Се состои од 16 цифри во четири блока.

Осмислен е од поткомисијата 9 на техничката комисија 46[1] при Меѓународната организација за стандардизација (ISO) како меѓународен стандард,[2] а објавен во конечен облик на 15 март 2012 г.

ISNI се користи за уточнување и појаснување на имиња што се подложни на забуна и дава врски до податоците за тие имиња собрани и во употреба од сите гранки на медиумите.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. службено име: TC 46/SC 9
  2. Нацрт-меѓународен стандард 27729 (англиски)

Надворешни врски[уреди]