Мехмед Паша Соколовиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мехмед Паша Соколовиќ
Sokullupasa.jpg

Во служба
1565 – 1579
Султан Сулејман I
Селим II
Мурад III
Претходник Семиз Али Паша
Наследник Шемси Ахмед Паша
Лични податоци
Роден(а) 1506
Босна,  Отоманска империја
Починал(а) 11 октомври 1579 (72-73)
Отомански Константинопол,  Отоманска империја
Образование Ендерун
Струка морски капетан
Вероисповед Православие
(подоцна ислам)
Military service
Припадност  Отоманска империја
Род Јаничар
Отоманска морнарица
Служба 1541-1579
Битки/војни Отоманско-венецијанска војна (1463–1479)
Отоманско-унгарски војни
Отоманско-хрватски војни

Мехмед Паша Соколовиќ (турски: Sokollu Mehmet Paşa; околу 1505 — 11 октомври 1579) бил Голем везир на Османлиската империја во периодот од 1565 до 1579 година.

Биографија[уреди]

Мехмед бил роден во Соколовичи во близина на денешно Рудо од српски родители. Тој потекнувал од скромно овчарско семејство а неговото презиме било добиено според местото на неговото раѓање. Неговото родено име било Бајица а неговиот татко се викал Димитрије. Тој имал двајца браќа и една сестра, како и најмалку еден чичко. Во 1516 година по османлиската експедиција за зимање на деца како дел од девширме бил соберен и идниот визер.

Тој го прифатил името Мехмед и најпрвин престојувал во Едрене а подоцна во Константинопол каде го добил своето образование во Топкапи сарај. Во март 1535 година Мехмед бил испратен во Багдад заедно со Искендер Челебија. По егзекуцијата на Искендер тој се вратил во престолнината. Зборувал турски, српско-хрватски, персиски, арапски, италијански и латински.

Мехмед учествувал во Мохачката битка во 1526 година и во опсадата на Виена. Во 1546 година на Хајредин Барбароса загинал, а Мехмед бил назначен за негов наследник. Со таа улога бил во поморската експедиција во денешна Либија. За време на неговата петгодишна кариера на оваа позиција, Мехмед паша значително ја подобрил османлиската флота.

Во 1551 година станал берлејбеј на Румелија со седиште во Софија. Во јуни 1565 година е назначен од султан Сулејман I (1520-1566) за голем везир, а при управувањето на неговиот син Селим II (1566-1574) власта во целина била управувана од него бидејќи султанот не се грижел за ова. Се оженил со Есмихан султан, ќерка на султанот Селим II[1].

Селим II починал на 12 декември 1574 година а неговиот син станал султан Мурат III (1574-1595), кој исто така не пројавил интерес за државните дела, но за разлика од својот татко тој немал таква доверба кон Соколовиќ, чие влијание и власт започнале да слабеат, иако ја задржил функцијата на голем везир.

На 11 октомври 1579 година во Цариград големиот везир бил нападнат од дервиш и убиен.

Наводи[уреди]

  1. Imamović, Mustafa (1996). Historija Bošnjaka. Sarajevo: BZK Preporod. ISBN 9958-815-00-1
Политички функции
Претходник
Семиз Али Паша
Голем везир на Османлиската империја
28 јуни 1565 – 11 октомври 1579
Наследник
Шемси Ахмед Паша