Методиј I Константинополски
| Методиј I Константинополски | |
| Патријарх на Константинопол | |
| Црква | Црква на Константинопол |
|---|---|
| Од | 843 |
| До | 847 |
| Претходник | Јован VII Константинополски |
| Наследник | Игнатиј I Константинополски |
| Personal details | |
| Роден | околу 788 Сицилија |
| Починал | 14 јуни 847 Константинопол |
| Деноминација | Православие |
| Седиште | Цариградска патријаршија |
| Занимање | Патријарх |
| Игнатиј (појаснување) Методиј | |
Методиј I Константинополски ( 788 во Сицилија - 14 јуни 847 во Константинопол) бил Патријарх на Константинопол во периодот од 843 до 847 година.
Кога завршил со светското школување се замонашил и почнал да се подвизува во манастир. Патријархот Никифор го зел на служба кај себе. Во времето на иконоборечките цареви насекаде се прочул како одличен бранител на иконопочитувањето. Императорот Теофил го затворил за тоа на еден остров. Во затвор со двајца обични разбојници поминал седум години.
Во времето на императорката Теодора и нејзиниот син Михаил, Методиј бил ослободен и избран за патријарх. Во првата недела од Чесниот Пост, Методиј свечено ги внел иконите во црква и напишал канон во чест на иконите. Еретиците според преданието, најмиле една жена којашто изјавила дека патријархот со неа има нечисти телесни односи. Не знаејќи како поинаку да ја докаже својата невиност, патријархот прејде преку срамот и се соблекол гол пред судот којшто сам го побарал и го покажал своето суво и истоштено тело. Судот очигледно се уверил дека патријархот е наклеветен[1].
[уреди] Наводи
- ↑ „Свети Методиј, патријарх Цариградски“ (на Македонски). http://www.mpc.org.mk/Kalendar/prolog.asp?id=1507. проверено на 6 февруари 2011.
- Родени во 788 година
- Родени во Сицилија
- Починати на 14 јуни 847
- Починати во јуни 847
- Починати во 847 година
- Починати во Константинопол
- Византиски светци
- Православни светци
- Константинополски патријарси
- Италијански светци
- Римокатолички светци од Италија
- Архиепископи од 9 век
- Византијци од 9 век
- Христијански светци од 9 век