Метело (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Метело е италијански филм од 1970 г., во режија на Мауро Болоњини, снимен според истоимениот роман на Васко Пратолини. Улогите ги играат Масими Рениери, Отавиа Пиколо, Лучија Босе, Пино Колици, Лујџи Диберти (Massimo Renieri; Ottavia Piccolo; Lucia Bose; Pino Colizzi; Luigi Diberti).

Премиерното издание го доживел на 23-от Фестивал во Кан, каде што Отавија Пиколо добила награда за најдобра женска улога во овој филм.

Заплет[уреди | уреди извор]

Откако останал сирак, Метело почнал да работи како ѕидар кај еден поранешен работник, кој откако станал инженер го заборавил своето скромно потекло и им се прилагодил на општоприфатените правила за искористување на работната сила. Метело завршува во затвор поради судир со полицијата пратена да ги отстрани знамињата истакнати на погребот на еден ѕидар-анархист. По излегувањето од затвор се жени со ќерката на починатиот ѕидар, Ерсилија. Во меѓувреме во Фиранца зема замав социјалистичката идеологија; Метело, исто како и многу други, учествува на штрајкот организиран заради покачување на платите. За време на бунтот, кој трае со денови без да постигне некаков резултат, Метело започнува врска со Идина, но Ерсилија се вмешува енергично. Како што очекуваа индустријалците, кај работниците се јавува безнадеж до таа мера што една група работници решава да се врати на работа. Со цел да ги спречат, Метело и другите им се нафрлаат на жандармите дојдени да ги одбранат „крумирите„; еден ѕидар е убиен. Во тој момент стигнува веста дека работниците ја добиле синдикатската битка. Метело одново завршува во затвор, но и ветува на Ерсилија дека нема повеќе да греши.