Метафизика на моралот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Метафизика на моралот (гер. Die Metaphysik der Sitten, 1797) е важно дело на германскиот философ Имануел Кант во кое се обработува моралната и политичката философија. Во минатото ова дело не било така познато и читано како неговите дела „Основи на метафизиката на моралот“ и „Критика на практичниот разум“, но книгата доживеала преродба во делато „Закони на слободата“ (1963) од Мери Џ. Грегор.

Делото е поделено на два главни дела. Првиот, наречен „Учење за правото“ се заснова на републиканското толкување за потеклото на политичката заедница и граѓанското општество и воспоставувањето на позитивно право. „Учење за правото“ е последниот пример за класично републиканство[1]. Во овој дел ги наоѓаме најсозреаните тврдења и искази на авторот за мировната задача и правен систем за обезбедување на правата на поединецот.

Вториот дел, наречен „Учење за доблеста“ дава преглед на проблематиката на моралниот развој на човечкото битие.

Литература[уреди]

  • The Metaphysics of Morals. Превед. Mary J. Gregor. Cambridge U. Press, 1996. ISBN 0-521-56673-8.

Наводи[уреди]

  1. Manfred Riedel Between Tradition and Revolution: The Hegelian Transformation of Political Philosophy, Cambridge 1984