Метар во секунда на квадрат
Метар во секунда на квадрат (м/с2) е единица за забрзување од SI системот, изведена од основните единицви за должина, метар и време, секунда. Формално симболот се претставува во неколку облици: m/s2, m·s−2 или m s−2.
Самото забрзување физички се толкува како промена во брзината по единица време, т.е. „метри во секунда во секунда“.
[уреди] Пример
Еден предмет постојано забрзува со еден метар во секунда на квадрат (1 m/s2) од мирување, кога ќе достигне брзина од 5 m/s по 5 секунди и 10 m/s по 10 секунди.
[уреди] Сродни единици
Вториот Њутнов закон вели дека силата е еднаква на масата помножена со забрзувањето. Единица за сила е њутнот (N), а единица за маса е килограмот (kg). Еден њутн е еднаков на килограм-метар во секунда на квадрат. Затоа, единицата метар во секунда на квадрат е исоветна со њутнот по килограм (N·kg−1, N/kg)[1]
Земјината тежа има забрзување од 9,8 m/s2 или 9,8 N/kg.
Забрзувањето може да се изрази и во однос на гравитацијата, како кај Земјиното забрзување (слободен пад) и најголемото површинско забрзување кај земјотресите.
[уреди] Наводи
- ↑ Kirk, Tim: Physics for the IB Diploma; Standard and Higher Level, стр. 61, Oxford University Press, 2003