Месна група

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Неправилната галаксија Секстант A од Месната група е оддалечена 4,3 милиони светлосни години. Сјајните жолтеникави ѕвезди во преден план му припаѓат на Млечниот Пат. Зад нив се ѕвездите од Секстант A со јасно видливи јата од млади сини ѕвезди.

Месна група (наречена и „локална група“) — група на галаксии во која спаѓа и Земјината галаксија - Млечниот Пат (Кумовата Слама). Групата се состои од над 30 галаксии (вклучувајќи џуџести), со гравитациското средиште (тежиштето) некаде помеѓу Млечниот Пат и галаксијата Андромеда. Групата има пречник од 10 милиони светлосни години, а галаксиите имаа бинарен облик (облик на тег)[1]. Се смета дека групата има вкупна маса од (1,29 ± 0,14)×1012Ms.[1] Самата група е дел од Месното суперјато (во Девица).[2]

Двата најмасивни објекти во групата се Млечниот Пат и галаксијата Андромеда. Овие две спирални галаксии имаат свои придружни галаксии.

Другите членови на групата се гравитациски изолирани од овие големи подргупи: IC10, IC1613, џуџестата галаксија во Феникс, Лав A, џуџестата галаксија во Тукан, џуџестата галаксија во Кит, неправилната џуџеста галаксија во Пегаз, Цолф-Лундмарк-Мелот, џуџестата галаксија во Водолија и неправилната џуџеста галаксија во Стрелец.

Историја[уреди]

Поимот „Месна група“ го вовел астрономот Едвин Хабл во Глава VI од неговото дело „Царството на маглините“ (The Realm of the Nebulae) (Hubble 1936, стр. 124–151). Таму тој ја опишува како „типична мала група маглини што е изолирана во општото поле.“ Хабл ги наведува објектите што ја сочинуваат по надолен редослед на сјајност: M31, Млечниот Пат, M33, Големиот Магеланов облак, Малиот Магеланов облак, M32, NGC 205, NGC 6822, NGC 185, IC 1613 и NGC 147IC 10 можен припадник). Во 2003 г. бројот на составни објекти изнесувал триесет и шест (од првичните дванаесет), со откривањето на речиси две дузини нискосјајни галаксии.[3]

Составни галаксии[уреди]

Карта[уреди]

Секстант A Секстант B Млечен Пат Лав I (џуџеста галаксија) Џуџеста галаксија во Ловечки Кучиња Лав II (џуџеста галаксија) NGC 6822 Џуџеста галаксија во Феникс Џуџеста галаксија во Тукан Волф-Лундмарк-Мелот Џуџеста галаксија во Кит IC 1613 SagDIG Џуџеста галаксија во Водолија Триаголник NGC 185 NGC 147 IC 10 Андромеда M110 Лав A NGC 3109 Џуџеста галаксија во Пумпа LGS 3 Џуџеста галаксија во Пегаз Андромеда II Андромеда III Андромеда I
За сликава
Месна група (со врски за стискање)

Галактички тела[уреди]

Спирални галаксии
Име Тип Соѕвездие Белешки
Адромеда (Гумно, M31, NGC 224) SA(s)b Андромеда Најголема галаксија во групата. Неодамна (2006) е востановено дека е спирална галаксија со пречка. Може да е помалку масивна од Млечниот Пат.
Млечен Пат (Кумова Слама) SBbc
Втора по големина во групата, иако можеби најмасивна.[4]
Триаголник (M33, NGC 598) SAc Триаголник Трета по големина, единствената обична спирална галаксија и можен придружник на галаксијата Андромеда.
Елиптични галаксии
Име Тип Соѕвездие Белешки
M110 (NGC 205) E6p Андромеда придружник на галаксијата Андромеда
M32 (NGC 221) E2 Андромеда придружник на галаксијата Андромеда
Неправилни галаксии
Име Тип Соѕвездие Белешки
Волф-Лундмарк-Мелот (WLM, DDO 221) Ir+ Кит
IC 10 KBm или Ir+ Касиопеја
Мал Магеланов облак (SMC, NGC 292) SB(s)m pec Тукан придружник на Млечниот Пат
Џуџеста галаксија во Големо Куче Irr Големо Куче придружник на Млечниот Пат
Џуџеста галаксија во Риби (LGS3) Irr Риби придружник на галаксијата Триаголник?
IC 1613 (UGC 668) IAB(s)m V Кит
Џуџеста галаксија во Феникс Irr Феникс
Голем Магеланов облак (LMC) Irr/SB(s)m Златна Рипка Четврт објект по големина во групата, придружник на Млечниот Пат
Лав A (Leo III) IBm V Лав
Секстант B (UGC 5373) Ir+IV-V Секстант
NGC 3109 Ir+IV-V Водна Змија
Секстант A (UGCA 205) Ir+V Секстант
Џуџести елиптични галаксии
Име Тип Соѕвездие Белешки
NGC 147 (DDO 3) dE5 pec Касиопеја придружник на галаксијата Андромеда
Неправилна џуџеста галаксија во Стрелец (SagDIG) IB(s)m V Стрелец Најоддалечена од тежиштето.[5]
NGC 6822 (Барнардова галаксија) IB(s)m IV-V Стрелец
Џуџеста галаксија во Пегаз (DDO 216) Irr Пегаз
Џуџести сфероидни галаксии
Име Тип Соѕвездие Белешки
Џуџеста галаксија во Воловар dSph Воловар
Џуџеста галаксија во Кит dSph/E4 Кит
Џуџеста галаксија во Ловечки Кучиња dSph Ловечки Кучиња
Andromeda III dE2 Андромеда придружник на галаксијата Андромеда
NGC 185 dE3 pec Касиопеја придружник на галаксијата Андромеда
Андромеда I dE3 pec Андромеда придружник на галаксијата Андромеда
Џуџеста галаксија во Вајар (E351-G30) dE3 Вајар придружник на Млечниот Пат
Андромеда V dSph Андромеда придружник на галаксијата Андромеда
Андромеда II dE0 Андромеда придружник на галаксијата Андромеда
Џуџеста галаксија во Печка (E356-G04) dSph/E2 Печка придружник на Млечниот Пат
Џуџеста галаксија во Кобилица (E206-G220) dE3 Кобилица придружник на Млечниот Пат
Џуџеста галаксија во Пумпа dE3 Пумпа
Лав I (DDO 74) dE3 Лав придружник на Млечниот Пат
Џуџеста галаксија во Секстант dE3 Секстант придружник на Млечниот Пат
Лав II (Leo B) dE0 pec Лав придружник на Млечниот Пат
Џуџеста галаксија во Мала Мечка dE4 Мала Мечка придружник на Млечниот Пат
Џуџеста галаксија во Змеј (DDO 208) dE0 pec Змеј придружник на Млечниот Пат
Џуџеста елиптична галаксија во Стрелец (SagDEG) dSph/E7 Стрелец придружник на Млечниот Пат
Џуџеста галаксија во Тукан dE5 Тукан
Џуџеста галаксија во Касиопеја (Андромеда VII) dSph Касиопеја придружник на галаксијата Андромеда
Џуџеста сфероидна галаксија во Пегаз (Андромеда VI) dSph Пегаз придружник на галаксијата Андромеда
Џуџеста галаксија во Голема Мечка dSph Голема Мечка придружник на Млечниот Пат
Неутврдени
Име Тип Соѕвездие Белешки
Ѕвезден поток во Девица dSph (остаток)? Девица Во фаза на спојување со Млечниот Пат
Вилман 1 џуџеста сферна галаксија
или збиено јато?
Голема Мечка оддалечена 147.000 светлосни години
Андромеда IV Irr? Андромеда веројатно не е галаксија
UGCA 86 (0355+66) Irr, dE или S0 Жирафа
UGCA 92 (EGB0427+63) Irr или S0 Жирафа
Веројатно не припаѓаат
Име Тип Соѕвездие Белешки
GR 8 (DDO 155) Im V Девица
IC 5152 IAB(s)m IV Индијанец
NGC 55 SB(s)m Вајар
Џуџеста галаксија во Водолија (DDO 210) Im V Водолија
NGC 404 E0 or SA(s)0- Андромеда
NGC 1569 Irp+ III-IV Жирафа
NGC 1560 (IC 2062) Sd Жирафа
Жирафа A Irr Жирафа
Џуџеста галаксија во Арго Irr Кобилица
ESO 347-8 (2318–42) Irr Жерав
UKS 2323-326 Irr Вајар
UGC 9128 (DDO 187) Irp+ Воловар
Паломар 12 (Џуџеста галаксија во Јарец) Јарец збиено јато, порано сметана за џуџеста сфероидна галаксија
Паломар 4 (првично наречена „Џуџеста галаксија во Голема Мечка“) Голема Мечка збиено јато, порано сметана за џуџеста сфероидна галаксија
Секстант C

Други позначајни објекти[уреди]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Karachentsev, I. D.; Kashibadze, O. G. (2006). „Masses of the local group and of the M81 group estimated from distortions in the local velocity field“. „Astrophysics“ 49 (1): 3–18. doi:10.1007/s10511-006-0002-6. Bibcode2006Ap.....49....3K. 
  2. R. B. Tully (1982). „The Local Supercluster“. „Astrophysical Journal257: 389–422. doi:10.1086/159999. Bibcode1982ApJ...257..389T. 
  3. van den Bergh, Sidney (мај 2003). „History of the Local Group“. „To be published in: "The Local Group as an Astrophysical Laboratory"“ (Cambridge University Press). Bibcode2003astro.ph..5042V 
  4. Млечниот Пат е поголем отколку што се мислеше“, Би-Би-Си Вести, 9 јануари 2009. (англиски)
  5. van den Bergh, Sidney (април 2000). „Updated Information on the Local Group“. „The Publications of the Astronomical Society of the Pacific“ 112 (770): 529–536. doi:10.1086/316548. Bibcode2000PASP..112..529V 
  6. Wakker, B. P.; York, D. G.; Wilhelm, R.; Barentine, J. C.; Richter, P.; Beers, T. C.; Ivezić, Ž.; Howk, J. C. (2008). „Distances to Galactic High‐Velocity Clouds. I. Cohen Stream, Complex GCP, Cloud g1“. „The Astrophysical Journal672 (1): 298. doi:10.1086/523845. 
  7. „Огромен гасовит облак со голема брзина ќе се судри со Млечниот Пат“. http://www.nrao.edu/pr/2008/smithscloud/. конс. 6 јуни 2008.  (англиски)

Надворешни врски[уреди]