Месије 7

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај


M7
Open-cluster-Messier-7.jpeg
Податоци (епоха J2000.0)
Соѕвездие Скорпија
Ректасцензија 17ч 53.9м
Деклинација −34° 49′
Оддалеченост 0,8 исг (245 Pc)
Привидна величина (V) 3,3
Привидни димензии (V) 80,0′
Физички карактеристики
Радиус 20 сг
Старост 220 милиони години
Други назнаки NGC 6475, Птоломеево Јато
Поврзано: Отворено ѕвездено јато

Месије 7 или M7 (NGC 6475), наречено и Птоломеево Ѕвездено Јато е отворено јато од ѕвезди во соѕвездието Скорпија.

Јатото лесно се забележува со голо око, сместено близу до „опашката“ на Скорпија. За него се знаело антиката. Прв го забележал римскиот научник Птоломеј во I век кој во 130 г. го опишал како маглина. Џовани Батиста Ходиерна ја забележал пред 1654 г. и во него избројал 40 ѕвезди. Во 1764 г. Шарл Месије го завел во неговиот каталог и потоа го додал во списокот на кометовидни објекти како „M7“.

Телескопските набљудувања на јатото откриваат околу 80 ѕвезди во рамките на видно поле од 1,3° долж објектот. Се проценува дека е оддалечен 800-1000 светлосни години, што соодветствува на фактичкиот пречик од 18-25 светлосни години. Староста му е околу 220 милиони години, а најсветлата ѕвезда има величина од 5,6.

[уреди] Поврзано

[уреди] Надворешни врски


Координати: Ѕвездена карта 17ч 53.9м 00с, −34° 49′ 00″

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици