Мерс Канингам

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мерс Канингам
Роден(а) Мерсие Филип Канингам
април 16, 1919(1919-04-16)
Сентралија, Вашингтон
Починал(а) јули 26, 2009(2009-07-26) (на 90 год.)
Њу Јорк
Занимање Балетан, кореограф
Активен период 1938–2009
Партнер Џон Кејџ[1]
Страница
mercecunningham.org

Мерсие „Мерс“ Филип Канингам (16 април 1919 – 26 јули 2009) е американски балетан и кореограф кој стоел на чело на американската авангарда во повеќе од 50 години. Канингам бил сметан за еден од најголемите креативни сили на американскиот балет. Тој е исто така важен за неговите чести соработки со уметници од други дисциплини, меѓу кои Џон Кејџ и Дејвид Тјудор, сликарите Роберт Раушенберг и Брус Науман, дизајнерот Ромео Џилји, и архитектот Бенедета Талјабуе. Делата кои што ги создал со овие уметници имаат длабоко влијание врз авангардната уметност вон светот на балетот.

Како кореограф, учител и лидер на Merce Cunningham Dance Company,[2] Канингам имал длабоко влијание врз модерниот танц. Многубројни танчери кои учеле кај Канингам, формирале свои балетски друштва, меѓу кои Пол Тејлот, Реми Шарлип, Виола Фарбер, Чарлс Мултон, Карол Армитаж, Роберт Кович, Foofwa d’Imobilité, Кимберли Бартосик, Флоан Анка и Џона Бокер.

Во 2009 година, Балетската Фондација Канингам го објавува Планот за Наследство, кој има за цел да го заштити и продолжи културното наследство на Канингам.[3]

Канингам се здобива со многубројни врвни признанија во полето на уметноста, меѓу кои Националната Медалја за Уметност, јапонсото Praemium Imperiale, британската награда "Лоренс Оливие", и станува именуван како Officier of the Légion d'honneur во Франција.

Животот и уметничката визија на Канингам се теми на многубројни книги, филмови и изложби. Неговите дела се изведени од различни групи, меѓу кои Балетот и Операта во Париз, Балетот во Њу Јорк, Американскиот Балетски Театар и лондонското Балетско Друштво Рамберт.

Наводи[уреди]

  1. Merce Cunningham obituary“, Telegraph (UK), July 27, 2009, http://www.telegraph.co.uk/news/obituaries/culture-obituaries/dance-obituaries/5919495/Merce-Cunningham.html, конс. 26 јануари 2010, „Merce Cunningham who died on July 26 aged 90, was a colossus of 20th-century choreography; his career in dance, which lasted more than 60 years, began when, as a Seattle-based dance student in 1939, he was invited by Martha Graham to join her company in New York“ 
  2. Merce Cunningham Dance Company, http://www.merce.org/thecompany.html, конс. 26 јануари 2010 
  3. Legacy Plan“, Cunningham Dance Foundation, http://www.merce.org/p/living-legacy-plan.html, конс. 26 јануари 2010