Мерзебург

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Мерзебург
Мерзебург
Мерзебург
Грбот на Мерзебург
Мерзебург во рамките на Германија
Мерзебург
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија-Анхалт
Округ Залекрајс
Градоначалник Јенс Билинген (CDU)
Основни податоци
Површина 55 km2 (21 sq mi)
Надм. височина 88 m  (289 ft)
Население 36.075  (31 декември 2008)
 - Густина 656 /km2 (1.699 /sq mi)
Други информации
Часовна зона CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SK
Пошт. бр. 06217
Повик. бр. 03461
Мреж. место www.merseburg.de
Местоположбата на град Мерзебург во рамките на округот Залекрајс
Карта

51°22′0″N 12°00′0″E / 51.366667°N 12°E / 51.366667; 12

Herzogtum Sachsen-Merseburg
Војводство Саксо-Мерзебург
вазален
Flag of Electoral Saxony.svg
1656–1738 Flag of Electoral Saxony.svg
Location of Саксо-Мерзебург
Мерзебург во 1650
Главен град Мерзебург
Уредување Кнежество
Историски ери Рана модерна ера
 - Издвоено од
    Електорат Саксонија
  1656
 - Вратено во Саксонија 1738

Мерзебург е град во јужниот дел на германската покраина Саксонија-Анхалт на реката Зале, околу 14 километри јужно од Хале (Зале). Главен град е на округот Залекрајс. Била бискупија основана од надбискупот Адалберт од Магдебург. Универзитетот Мерзебург се наоѓа во градот.

Содржина

[уреди] Историја

Мерзебург бил првпат споменат во 850. Кралот Хенри I Птичар изградил кралска палата во Мерзебург; во 933 Битка кај Риаде, тој однел голема победа над Унгарците во близина.

Титмар од Мерзебург станал првиот бискуп на новосоздадената бискупија Прага во Бохемија, назначен во 973. Прага бил дел од надбискупија Мајнц 100 години претходно. Од 968 до протестантската реформација, Мерзебург бил седиште на бискупот од Мерзебург и покрај тоа што за време на резиденцијата на грофовите од Мајсен, била омилено место за престој на германските кралеви во текот на 10-от, 11-от и 12-от век. Петнаесет парламенти биле одржани тука во текот на Средниот век, кога нејзините саеми уживале важност, која подоцна се префрлила на оние од Лајпциг. Градот неколкупати настрадал во текот на Германската селанска војна и во Триесетгодишната војна.

Од 1657 до 1738 Мерзебург бил резиденција на војводите од Саксо-Мерзебург, потоа паднал под Електорат Саксонија. Во 1815 по Наполеонските војни, градот станал дел од пруската Провинција Саксонија.

Мерзебург е местото каде се откриени мерзебуршките баења во 1841. Пишувани на стар високогермански јазик, тие се дотогаш единствениот зачуван германски документ со паганска тема. Еден од нив е за ослободување на војници фатени во битка, а другиот е за лекување на коњска нога.

На почетокот на 20-от век, Мерзебург бил претворен во индустриски град, што во голема мерка се должи на пионерската работа од луѓето како што се Карл Бош и Фридрих Бергиус, кои утврдиле научни основи за катализирање синтеза од амонијак од 1909 до 1913. Претпријатијата, исто така се придвижиле кон процесот на трансформација. На крајот на краиштата, се појави хемиски парк во блиската Леуна, кој е еден од најмодерните места од овој вид во Европа со високи еколошки стандарди.

Зале, катедралата и дворецот

Мерзебург бил тешко оштетен во Втората светска војна. Во 23 воздушни напади, 6.200 станови биле целосно или делумно уништени.[1] Историскиот центар бил скоро целосно уништен.

Кратко по војната дел од Саксонија-Анхалт, била администрирана во рамките на Bezirk Хале во Источна Германија. Станал дел од Саксонија-Анхалт повторно во текот на реобединувањето на Германија.

[уреди] Главни знаменитости

Меѓу најпознатите градби во Мерзебург се мерзебуршката катедрала Свети Јован Крстител (изградена во 1015, обновена во 13-от и 16-от век) и епископски дворец (15-ти век).

Целосното здание на катедралата и дворецот со извонредната дворска градина (Schlossgarten), Куќата на трговија во Мерзебург со културната сцена и германскиот хемиски музеј во Мерзебург ги зачувале спомените на историјата од Мерзебург. Дворскиот фестивал Мерзебург со историскиот дел, меѓународниот ден за концерти, оргулски денови Мерзебург и куклената фестивалска недела се прославуваат секоја година.

[уреди] Познати жители

[уреди] Меѓународни односи

Мерзебург е збратимен со:

[уреди] Наводи

  1. Eckardt Götz (1980) Schicksale deutscher Baudenkmale im zweiten Weltkrieg, Band 2, p. 332, Henschelverlag, Berlin

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици