Мерен инструмент

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Мерен инструмент (или детектор, сензор, мерен претворувач) е било која направа која мери една физичка величина и ја претвора во форма која е погодна за понатамошна обработка, односно за читање од страна на набљудувачот или од инструментот (кој денес е најчесто електронски). Излезната величина од мерниот инструмент се бара да биде правопорционална со неговата влезна величина. Делот од мерниот инструмент кој непосредно чувствува некои промени во процесот се нарекува сетилен елемент.

Во однос на принципот на работа, мерните инструменти може да се поделат на отпорнички, капацитивни, индуктивни, електромагнетни, пиезоелектрични, механички, хидраулични, пневматски и други. Исто така, тие се поделени во однос на излезната величина на електрични и механички, така што електричната и механичката величина се најсоодветни за мерење.

Електрични мерни инструменти[уреди]

Електричните детектори работат врз принцип на познатите електрични ефекти. На влезот од детекторот може да биде користена енергија во која било форма, додека на неговиот излез се јавува електрична величина која одговара на влезната величина.

Квалитет на мерните инструменти[уреди]

Основните критериуми за оценка на квалитетот на мерните инструменти се:

  • Мерно подрачје, кое ги опфаќа вредностите на мерената и процеснта величина за која детекторт може да се употреби. Се изразува прекунајголемата и најмалата вредност на мерената величин.
  • Мерниот опсег мора да го покрива опсегот на промените на мерената процецна величина и претставува разлика на вредностите на оваа величина на горната и долнаа граница на мерното подрачје.
  • Мерниот сигнал е континуирано променлива величина, по форма аналогна на промените на мерената процесна величина. Мерниот сигнал претставува излез на детектор. Во последното време се појавува и дигитални детектори со дискретен мерен сигнал, кои вредностите на мерната процесна величина ја даваат во нумеричка форма.
  • Статичката грешка е отстапување од вистинаската вредност а мерената процесна величина, кога влезната величина е константна.
  • Динамичката грешка е грешка која настанува поради инертноста на подвижните делови на детекторот, па покажаната вредност не може да ја следи вистинската вредност на мерената процесна величина.
  • Додатна грешка се појавува пораду промената на надворешните услови кои се јавуваат поради менување на температурата, притисокот и слично.
  • Статичка карактеристика на детекторот е дефинирана со завосноста на елзезната величина Y од промените на влезната величина X: Y=f(X)

Поврзано[уреди]