Менувач на брзини

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Менувач на брзини (или само менувач) е лост за менување на брзини на возила како автомобили со рачен пренос и неколку чести облици на автоматски пренос.

Пример за шема на менување
Петбрзински рачен менувач во автомобил

Оваа направа се користи за менување на брзини; ова се прави додека истовремено се држи педалата за кумплунг со левата нога за да се ослободи моторот од преносниот механизам и тркалата.

Некои традиционални теренски возила со погон на четири тркала имаат втор менувач поврзан со редуктор, за тежок терен.

На гориот крај на менувачот има рачка која се управува за менување на брзините. Обино врз рачката има нацртан дијаграм на шемата на менување на брзини, т.е. правците во кои менувачот се поместува за менување на брзина.

Типичното возило со пет рачни брзини има седум можни позиции: пет брзини за право, рикверц и централна позиција наречена „лер“ или „неутрална“ (N) позиција. Некои возила имаат посебни копчиња против случајно менување во рикверц. Кај други пак бараат менувачот да се подигне, притисне надолу, или да се помести со поголема сила за да се добие рикверц.

Многу автоматски менувачи имаат и варијанти на менување како „sports“ или „economy“ кои даваат повисок или понизок број на вртежи по запченик, пред да се смени на погорна брзина.

Некои посебни возила имаат специјални фукнции на менувачот. Да речеме, Ленд Ровер Фрилендер има копче за активирање на контролата на спуст, која користи кочници за симулирање на функцијата на редуктор за стрмни спустови.

Видете исто така[уреди]