Мендоза (покраина)
| Главен град | Мендоза |
| Површина | 148,827 km² |
| Население | 1.692.000 (2005)[1] |
| Густина | 11.37/km² |
| Гувернер | Селсо Жак |
| Демоним | Мендозиец (mendocino) |
| ISO 3166-2 | AR-M |
Мендоза (шпан. Mendoza) е покраина во Аргентина, сместена во западноцентралниот дел на земјата во регионот Кујо. Се граничи со покраините Сан Хуан, Сан Луис, Ла Пампа, Рио Негро и Неуквен. На запад се граничи со Чиле.
Содржина |
[уреди] Географија и клима
Самата покраина е сместена на планинскиот масив на Андите, поточно на нивниот понизок дел попознат како „Преткордиљери“, кои се малку пониски. Реки кои течат се Мендоза, Тунујан, Дијаманте и Атуел.
Климата е континентална, сончева и сува, со топли лета и ладни зими Годишните врнежи се движат од 150 до 350 mm. Планините изобилуваат со глечери.
[уреди] Економија
Најголема гранка е лозарството, односно винарството со 70% од вкупното Аргентинско производство. Има и големо производство на јаболка, круши, домати, кромид, сливи, маслинки, вишни, праски и души.
Има огромни наоѓалишта на нафта. А исто така се копа и доста вар.
[уреди] Административна поделба
Покраината е поделена на 18 оддели (шпански: departamentos),
[уреди] Види исто така
[уреди] Наводи
- ↑ Sistema de Indicadores y L.R.FПДФ (113 КиБ) (шпански)
[уреди] Надворешни врски
- Официјален сајт (шпански)
- Министерство за туризам и култура на Мендоза (шпански)
- Откријте ја Мендоза - Туризам (шпански)
- Националниот универзитет (шпански)
- карта на Мендоза
- Слики на Мендоза и нејзините вински полиња
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Мендоза (покраина)“ |
|
||||||||||