Меморијален центар на АСНОМ

Координати: 42°16′54″N 21°51′28″E / 42.28167° СГШ; 21.85778° ИГД / 42.28167; 21.85778
Од Википедија — слободната енциклопедија
Меморијален центар на АСНОМ
Поглед на главниот дел од комплексот
Меморијален центар на АСНОМ is located in Македонија
Меморијален центар на АСНОМ
Местоположба во рамките на Македонија
Меморијален центар Пелинце
Општи податоци
МестоПелинце, Македонија
ЗемјаМакедонија
Координати42°16′54″N 21°51′29″E / 42.281691° СГШ; 21.857976° ИГД / 42.281691; 21.857976
Надм. височина377 м
Почнатајуни 2004 г.
Завршенаавгуст 2005 г.
Пуштена во употреба2 август 2004
Трошок за изградбаоколу 2 милиони евра
НарачателВлада на Република Македонија
Министерство за култура
СопственикВлада на Република Македонија
Проектирање и изградба
АрхитектГеорги Константиновски
Други проектантиРубенс Корубин и Илија Пенушлиски
Главен изведувачБетон

Меморијален центар на АСНОМ — културно-историски и спортско-рекреативен центар во кумановското село Пелинце, посветен на Првото заседание на АСНОМ одржано на 2 август 1944 година во манастирот Св. Прохор Пчински.

Комплексот се наоѓа крај реката Пчиња во селото Пелинце (Општина Старо Нагоричане) на два километра оддалеченост од историското место каде е одржано првото заседание, манастирот Св. Прохор Пчински.

Историја[уреди | уреди извор]

Идејата да се изгради Меморијален центар на АСНОМ, се родила откога почнале проблеми со одбележувањето на заседанието на АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчински“ на територијата во Србија. Тензиите се зголелиле откако српскиот радикал Воислав Шешељ насилно ги извадил спомен-плочите од заседанието на АСНОМ во 1998 година, така што изминатите години македонските делегации на празникот положувале венец кај чешмата во близина на манастирот.

Иницијативата за изградба на ваков центар дошла од страна на тогашниот министер за култура Благој Стефановски. Предлогот бил прифатен од страна на Владата. Идејата било да се изгради културно-историски споменик со рекреативни содржини, но без црква и манастирски комплекс, како што бил предлогот на господин Кирил.[1]

Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце е отворен на 2 август 2004 година, во повод на 60-годишнината од Првото заседание на АСНОМ од тогашниот претседател на Македонија, Бранко Црвенковски.

Градба[уреди | уреди извор]

Комплексот има површина од 8,5 хектари, на него се наoѓаат: игралишта, ресторан, амфитеатар за приредби и музеј на АСНОМ во кој се пренесени спомен-плочите од Заседанието на АСНОМ што биле во манастирот Прохор Пчински. Проектант на Меморијалниот центар е архитектот Георги Константиновски. На фасадата на музејот се наоѓа монументален мозаик од 140 квадратни метри - Македонија дело на македонски сликар Рубенс Корубин. Во музејот се наоѓа копија на собата во манастирот „Прохор Пчински“, во која се одржало Првото заседание на АСНОМ, до неа е и спомен-собата во која се изложени документите од создавањето на македонската држава.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Д., С. Утрински Весник. Скопје: МПМ Македонија http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1370&stID=5312&pR=3. Посетено на 17 април 2017. Отсутно или празно |title= (help)[мртва врска]
  2. [мртва врска][мртва врска][мртва врска][мртва врска] Привршува изградбата на Меморијалниот центар во Пелинце, Утрински весник (македонски)[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

42°16′54″N 21°51′28″E / 42.28167° СГШ; 21.85778° ИГД / 42.28167; 21.85778