Мелфест

Од Википедија — слободната енциклопедија

Мелфест — меѓународен фестивал за млади таленти, кој се одржува во Домот на културата „Марко Цепенков" во Прилеп. На првата вечер се изведуваат светски меѓународни хитови, додека втората вечер е авторска; секој автор со своја композиција на свој јазик.

2001[уреди | уреди извор]

На втората вечер во конкуренција се наоѓаат учесници од: Норвешка, Австрија, Унгарија, Грција, Кипар, Мексико, Монголија, Јужна Кореја, Хрватска, Југославија, Македонија... Гласаат гледачите покрај малите екрани по пат на „теле воутинг", присутните во салата и стручното жири. Втората вечер е директно пренесувана од Македонската телевизија. Како водители се јавуваат Лила Стојановска и Иван Мирчевски.