Мелница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Историска воденица во Западна Вирџинија, САД

Мелница — вид механизам, уред што ги крши цврстите материјали на помали делови или парчиња со мелење, дробење или сечење.[1] Таквото дејство е важна операција во многу процеси. Постојат многу различни видови мелници и многу видови материјали што се обработуваат во нив. Мелењето на цврстите материјали се случува преку механички сили што ја разградуваат структурата со надминување на внатрешните сили на врзување. По мелењето, цврстата состојба се менува во големина и облик.

Другото значење на „мелница“ е и „воденица“ (водна мелница), и посебна градба со машини за мелење брашно.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во минатото, мелниците најмногу се користеле за мелење зрна и правење брашно. Претходници на мелницата се аванот и толчникот, а исто така и камената рачна мелница за зрно. Традиционално, тие најпрв биле водени од човечка и/или животинска влечна сила, а подоцна од силата на ветерот (ветерница) или водата (воденица). Денес, за движење на мелниците се користат други извори на енергија, најчесто електромотори, а најчести мелници во домаќинството се кафемелницата и блендерот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Thomas, A; Filippov, L.O. (1999). Fractures, fractals and breakage energy of mineral particles. International Journal of Mineral Processing. 57 (4): 285.
  2. „мелница“Дигитален речник на македонскиот јазик

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  •  „Mill“ . Encyclopædia Britannica. 18 (11. изд.). 1911.
  • Grinding Media