Мелих Џевдет Андај

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мелих Џевдет Андај
Melih Cevdet Anday.jpg
Melih Cevdet Anday
Изворно име Melih Cevdet Anday
Роден(а) 13 март 1915(1915-03-13)
Истанбул, Турција
Починал(а) 29 ноември 2002(2002-11-29) (на 87 год.)
Истанбул, Турција

Мелих Џевдет Андај (турски: Melih Cevdet Anday; 13 март 191528 ноември 2002) — турски поет, романописец, есеист, драмски автор, патописец и преведувач и почесен член на Друштвото на писателите на Македонија.

Биографија[уреди]

Мелих Џ. Андај роден е во Истанбул, Турција на 13 март 1920 година. Професионален новинар и колумнист на најстариот и тиражен угледен дневен весник „Џум Хуриет“, познат публицист и професор по естетика на Државниот универзитет за театар во Истанбул.

Автор е на книгите: „Чуден“ (поезија, 1941), „Дрвото што си го загуби мирот“ (поезија, 1946), „Телеграф“ (поезија, 1952), „Еден до друг“ (поезија, 1956), „Исток-запад“ (есеи, 1961), „Окованиот Одисеј“ (поема, 1963), „Зборувајќи“ (есеи, 1964), „Оние што се внатре“ (драма, 1965), „Комедија во развој“ (есеи, 1965), „Бадијалџии“ (роман, 1965), „Советски Сојуз, Азербејџан, Узбекистан, Бугарија и Унгарија“ (патописи, 1965), „Стапчињата на Микадо“ (драма, 1967), „Врз иселеничкото море“ (поезија, 1970), „Тајна заповед“ (роман, 1970), „Четири драми“ (1972), „Дневникот на Исус“ (роман, 1974), „Нови богови“ (есеи, 1974), „Смртта на коритото“ (поезија, 1975), „Ра-зија“ (роман, 1975), „Еден социјалистички свет“ (есеи, 1975), „Збор врз јазикот“ (есеи, 1975), „Материјализам и идеализам“ (есеи, 1977), „Забрана“ (есеи, 1978), „Гилгамеш зад бесмртноста“ (поезија, 1981), „Париски текстови“ (есеи, 1982), „Кон светлината“ (есеи, 1984), „Познат свет“ (есеи, 1984), „Времето кое тече и стои“ (спомени, 1984), „Возвишеноста на љубовта“ (есеи, 1990).

Автор е на предговорот за „Избор од современата македонска поезија“ (Истанбул, 1978). Избор од поезијата на македонски јазик „Еден нов свет“ е објавен во Скопје, 1989 година. Добитник е на највисоката државна награда за литература на Турција.

Поврзано[уреди]