Меланизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Меланизиран лабрадор.

Меланизамфизиолошка појава при која се јавува зголемена црна или близу црна пигментација, било да е тоа на кожата, пердувите, лушпите на пеперуткините крила или влакната на еден организам. Се јавува како резултат на присуството на пигментот меланин. Меланизмот е спротивен на албинизмот, кој се јавува како резултат на недостаток на меланинот. Всушност, меланизмот се однесува на фенотип во кој пигментацијата на еден организам е целосно или делумно изразена. Кај луѓето, оваа појава се нарекува меланоза.

Меланизмот е најчесто резултат на генетска мутација, но може да настане и од други дразби, како што се абнормалните температурни промени за време на гестацијата (растењето на плодот) кои повремено го менуваат текот на транскрипцијата или транслацијата. Меланизмот, пак, кој е причинет од антропогеното влијание (менување на животната средина од страна на човекот) е познат како индустриски меланизам. Тој се јавувал кај најразлични животни, вклучувајќи ги цицачите (верверички, многу видови на мачки итн.), влекачи и инсекти (Biston betularia). Последниот случај на индустриски меланизам со пеперутката од фамилијата на Geometridae, Biston betularia, е класичен пример за оваа појава. Со помош на него се изучуваат принципите на природната селекција.