Мекленбуршка Езерска Област

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мекленбуршките езера по заоѓањето на сонцето од околу осум километри височина (областа на Фелдбергер Зенландшафт
Езерото Мириц во срцето на Мекленбуршката Езерска Област. Поглед од црквата Св. Богородица кон пристаништето во Ребел.

Мекленбуршка Езерска Област (германски: Mecklenburger/Mecklenburgische Seenplatte) — најголема поврзана езерска и каналска област во Германија и понекогаш е нарекувана „земја на илјада езера“. Постојат неколку природни паркови и добро познати езера со уникатна флора и фауна во областа, како што е Мириц, најголемо германско езеро кое се наоѓа целосно во рамките на Германија, Плауско Езеро, Флезенско Езеро, Толензеско Езеро, Шмалер Луцин и Келпинско Езеро.

Важни градови во областа се Нојбранденбург, Нојштрелиц, Варен, Ребел, Тетеров, Малхов, Миров и Плау ам Зе.

Географија[уреди | уреди извор]

Опатијата Малхов на езерото во Малхов.

Мекленбуршката Езерска Област се наоѓа во средишниот и јужниот дел на покраината Мекленбург-Западна Померанија, главно во историската област Мекленбург. На југ ја поминува границата на покраината Бранденбург. Оттука е исто така позната и како Мекленбуршка-бранденбуршка Езерска Област.

Како Померанската и Мазурската Езерска Област, Мекленбуршката Езерска Област била создадена пред околу 12.000 години поради топењето на мразот во долините од последното ледено доба. Главната крајна морена на померанската етапа, гребенот кој води од Еберсвалде-Хорин преку Фелдберг, Мекленбуршка Швајцарија до гребенот Килунг близу Килунгсборн, се граничи со езерската област на север.

Езерската област може да се подели на следниве делови:

Езерска област Градови Реки
Природен парк Фелдберг Езерска Област Фелдеберг Езерска Област Хафел
Областа на мекленбуршки големи езера со Мириц, Плауско Езеро, Келпинско Езеро Варен, Ребел, Плау ам Зе Елде
Мала езерска област Нојштрелиц Нојштрелиц, Миров, Везенберг, Фирстенберг/Хафел, Лихен Хафел
Езерска Област Рајнсберг Рајнсберг Рин
Толензеско Езеро и Мекленбуршка Швајцарија Нојбранденбург, Бург Штаргард, Малхин, Нојкален, Пенцлин, Штавенхаген, Тетеров Пене

На територијата на Бранденбург, езерската област продолжува со Укермарк и Рупинска Швајцарија.

Областа околу Мекленбуршката Езерска Област е делумно ридеста, но главно рамна, слабо населена и главно пошумена, со многу езера и мочуришта. Самите езера се омилени за рекреација, едрење, рибарство и други водени активности. Постојат природни станишта за бројни растенија и животни, вклучувајќи ги загрозените врсти.

Пристаништето на бањскиот град Варен на езерото Мириц во текот на Регатата Мириц, еден од најголемите настани од ваков вид на европските езера.

Историја[уреди | уреди извор]

Езерската област била веќе населена околу 10.000 п.н.е. од ловци и риболовци. Од 4.000 п.н.е. биле основани првите фармерски заедници, а зад себе оставиле мегалитски гробишта.

Во четвртиот и петтиот век, германските доселеници од областа се преселиле кон југ и биле заменети во седмиот век од Западните Словени (историски познати како Венди), кои се измешале со населението кое останало зад нив.

Од 12 век, влијанието на германските доселеници се зголемило.

Веќе неколку години, областа била член на Европската мрежа на геопаркови и Глобалната мрежа на национални геопаркови, но од 2011 повеќе не го поседува истиот статус.

Природни региони[уреди | уреди извор]

Во рамките на Мекленбуршката Езерска Област се наоѓаат следниве природни области Национален парк Мириц, со второто најголемо езеро во Германија, како и резерватите Природен парк Фелдберг Езерска Област, Природен парк Мекленбуршка Швајцарија и Кумеровско Езеро и Природен парк Носентинер/Швинцер.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Tourismusverband »Mecklenburgische Seenplatte« e. V. Земја на илјада езера 4 декември 2006.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]