Медицински универзитет - Варна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Медицинскиот ректорат
Факултетот за фармација

Медицински универзитет „Проф. д-р Параскев Стојанов“ во Варна, Бугарија е државен универзитет. Унивезитетот нуди додипломски, магистерски, докторски и специалистички студии од областа на медицината, денталната медицина, фармацијата и јавното здравство. Во склоп на универзитетот работи и Виша медицинска школа (на Бугарски: Медицински колеж), која што обучува стручни медицински сестри, акушерки, помошници фармацевти, забни техничари, рендген техничари, лабораториски техничар, и др.

Универзитетот е создаден во 1961 година. Од создававето досега имаат дипломирано 8351 бугарски студенти и 977 странски студенти од 45 држави.

Факултети и колеџи[уреди | уреди извор]

  • Медицински факултет

Студиите траат 6 години, по што студентите се стекнуваат со академска титула Магистер и професионално звање Доктор на медицина.

  • Стоматолошки факултет

Студиите траат 6 години, по што студентите се стекнуваат со академска титула Магистер и професионално звање Доктор на дентална медицина.

  • Фармацевтски факултет

Студиите траат 5 години, по што студентите се стекнуваат со академска титула Магистер и професионално звање Магистер Фармацевт.

  • Факултет по јавно здравство

Студиите траат 4 години, по што се стекнува титула дипломиран.

  • Медицински колеџ (Висока медицинска школа)

Постојат неколку насокии: Медицинска сестра, акушерска сестра, забен техничар, рендген техничар, лабораториски техничар, санитарен инспектор и други. Студиите траат од 3-4 години, по што студентите се стекнуваат со звање специалист или дипломиран.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]