Медицинска нега

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Медицинска сестра/медицински техничар
Занимање
Називи сестра/техничар
Вид специјалност
Надлежности здравствена нега
Опис
Способности нега на пациентите, општа благосостојба
Потребно образование више образование или стручна обука согласно законските уредби во земјата
Дејности болница, клиника, лабораторија

Здравстевните работници имаат посебна одговорност во општеството која произлегува од вршењето на својата дејност – човекот. Затоа нивното севкупно однесување е посебно важно во вршењто на работата и работните задачи, и се темели врз високата стручност, етика и хуманост. Се смета дека негата на болните е стара колку и човештвото. Постоењето на човештвото секогаш се поврзува со страдање, борба за опстанок, потреба за дружење и меѓусебно помогање. Постојат историски и археолошки податоци за високиот степен на развиток на медицината во старите цивилизации, како што се: кинеската, вавилонската, египетската и грчката медицина. Болниците ги викале „валетудинари“, а во нив работеле лекари и свештеници.

Историјат[уреди]

Медицинската сестра од среден век до првата половина на XIX век[уреди]

Во средниот век се организираат установи-хосици за чување, лекување и негување на болните. Со негата се занимавале калуѓери и калуѓерки. Во овие болници владееле лоши хигиенски навики и примитивни методи на лекување. Болничките соби биле темни со мали прозорци, непроветрени и нечисти. Во една постела лежеле по неколку болни. Облеката им била валкана, а насекаде имало инсекти, стаорци, отпадоци и нечистотија. Раните се превивале со нестерилен материјал, постелнината не се менувал, храната била лоша, а болните јаделе без основен прибор. Сестрите – калуѓерки целосно им се посветувале на болните, а за работата не биле наградувани. Ваквата состојба владеела се до XIX век кога почнале реформите во организирањето на болниците, лекувањето и негувањето на болните. Агнеса де Гаспарин прва се заложила сестрата да биде образована, платена и ослободена од религиските догми. Сестрите од Германија имале современи идеи во врска со негата на болните и тоа влијание го пренеле врз болничарките од Англија.

Првата медицинска сестра - Флоренс Најтингел[уреди]

Флоренс Најтингел е првата медицинска сестра во светот, позната како „жената со светилката“ која ги поставила основите на сестринството и сестринскиот позив. Таа имала високи морални и човечки квалитети, големи организаторски способности и знаења. На 16 годишна возраст таа решава својот живот да му го подари на општевството, со цел да им помогне на болните. Таа е првата медицинска сестра и како таква успева да постави темел на модерната пракса на медицинските сестри. Со нејзината голема и беспрекорна грижа, нејзиното влијание што го стекна брз тогашние англиски болници, таа придонесува многу во инкуадрацијата на жени во медицинската професија. Во октомври 1854 година со уште 38 сестри заминува на Крим, за да се гриши за околу 1500 ранети и болни војници. На Крим брзо се соочува со ужасите на Кримската војна и состојбата на ранетите и болните. Веднаш воведува хигиенски мерки во болницата со генерално чистење, перење на облека и постелнина. Обезбедува бањање на болните, ја организира и подобрува исхраната и негата. Во исто време се грижи и за псисичката состојба на ранетите, наоѓа зборови за утеха, организира прием и испраќање на ранетите, па така почнуваат да ја викаат „жената со светилка“. Нејзините ангажирања во Кримската војна, биле проследени со низа непријатности, недоверба и сомнение , но таа успеала да истрае и да ги покаже своите квалитети и способности. Во 1855 и бил приреден пречек за враќањето во татковината, каде и било оддадено признание за самопрегорната работа. Во 1860 во Лондон се организира првото медицинско училиште од интернатски карактер, а работело во состав на болницата „ Свети Томас“. Флоренс Најтингел била првиот директор на училиштето.

Медицинската сестра во XX и XXI век во светот и на Балканот[уреди]

  • Првите медицински училишта на Балканот

На балканот првото медицинско училиште било ораганизирано во Белград 1921 година во рамките на Црвениот крст. Ученичките на Флоренс Најтингел биле инструкторки во ова училиште. Во Загреб 1923 година било формирано училиште за сестри помошнички, а 1924 година во Љубљана се отворило училиште за заштитни сестри. Во Македонија првото медицинско училиште било организирано во Скопје 1923 година, но со организирана работа ова училиште започнало во 1947 година. Подоцна медицински училишта било формирани во Битола, Тетово и Штип. Денес сестринството и негата во Република Македонија го заземаат вистинското место во медицинската наука и здравствена служба. Негата на болните постојано се унапредува и осовремнеува следејќи ги научните и техничките достигнувања. Едукацијата на медицинските сестри е стручна и се темели врз најновите сознанија на научната медицина.

Етика на здравствените работници[уреди]

  • Здравствениот работник работните задачи треба да ги извршува совесно, одговорно, темелно, ценејќи го здравјето и достоинството на секој човек.
  • Во текот на работата здравствените работници треба да се застауваат за похумани односи помеѓу луѓето и напредок на човештвото за активно да учествуваат во здравственото воспитување и подигнување на здравствената свест и здравствената култура на населението.
  • При давање на здравствена заштита секој здравствен работник треба да има еднаков однос спрема сите болни без разлика на полот, националноста, вероисповедта, политичките верувања или личниот однос спрема болниот.
  • Здравствениот работник е морално обврзан да дава итна помош без оглед на опасноста за својот живот и здравје.
  • Здравствениот работник степенот на доверливост на поединечни факти треба сам да го процени и да го чува како професионална тајна или може да отстапи ако нејзиното откривање е во интерес на болниот, фамилијата и опшеството.
  • За да бидат почитувани од болните, колегите и останатите лица здравствените работници треба да се точни во извршувањето на своите работни задаци, совесни, самоиницијативни, уредни, искрени, да ги почитуваат болните, претпоставените и оние кои им се потчинети.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]