Медитерански сокол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Медитерански сокол
Медитерански сокол
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Соколовидни
Фамилија: Соколи
Род: Сокол
Вид: 'Медитерански сокол
Биномен назив
Falco eleonorae
Gene, 1839

Медитеранскиот сокол (Falco eleonorae) е сокол со средна големина. Научното име го добил според националната хероина од Сардинија, Елеонора од Арбореја.

Распространетост[уреди]

Медитеранскиот сокол се сретнува на островите во Медитеранот особено во Грција (таму се наоѓаат 2 третини од светската популација), но исто така и на Канарските Острови, Ибица, Шпанија, Италија, Хрватска, Мароко и Алжир. Овој сокол го има и во Македонија.

Опис[уреди]

Овој сокол е птица-грабливка долга од 36 до 42 см, со распон на крилјата од 87 до 104 см. Градбата му е слична со таа на соколот ластовичар или на сивиот сокол, со неговите долги остри крилја, долгата опашка и тенкото тело. Се сретнуваат во две бои: потемната варијанта е кафеаво, со црни пердуви под крилјата; посветлата варијанта е нешто слично на младите кај соколот ластовичар, само што медитеранскиот сокол има светложолт горен дел, при што се изразува контрастот помеѓу светложолтата и црната кај крилјата. Младите се слични со младите на соколот ластовичар само поголеми, и со потемни завршетоци и пердуви на крилјата. Цврцорењето на овој сокол е исто како и кај другите соколи и претставува едно кик-кик-кик.

Миграција[уреди]

Оваа птица поминува големи растојанија при мигрирањето. Презимува на Мадагаскар и други делови од Африка.

Исхрана и размножување[уреди]

Се храни со поголеми инсекти како водното коњче, со коешто се храни фаќајки го во лет. Медитеранскиот сокол се размножува на крајбрежни карпи, и снесува најмногу 4 јајца. Овој вид се размножува доцна на пролет, покасно од другите соколи бидејќи е специјален ловец на птици преселнички коишто поминуваат низ Медитеранот во тоа време од годината. Медитеранскиот сокол нив ги лови во лет, употребувајќи ги неговата брзина и акробатско летање.

Наводи[уреди]

  • Ferguson-Lees, James & Christie, David A. (2001): Raptors of the World. Houghton Mifflin, Boston. ISBN 0-618-12762-3
  • Helbig, A.J.; Seibold, I.; Bednarek, W.; Brüning, H.; Gaucher, P.; Ristow, D.; Scharlau, W.; Schmidl, D. & Wink, Michael (1994): Phylogenetic relationships among falcon species (genus Falco) according to DNA sequence variation of the cytochrome b gene. In: Meyburg, B.-U. & Chancellor, R.D. (eds.): Raptor conservation today: 593-599. PDF fulltext
  • LÓPEZ-LÓPEZ, P., LIMIÑANA, R. & URIOS, V. 2009: Autumn migration of Eleonora’s falcon Falco eleonorae tracked by satellite telemetry Zoological Studies 48(4)
  • Walter, Hartmut (1979): Eleonora's Falcon: Adaptations to Prey and Habitat in a Social Raptor. University Of Chicago Press Wildlife Behavior and Ecology series, Chicago. ISBN 0-226-87229-7
  • Wink, Michael; Seibold, I.; Lotfikhah, F. & Bednarek, W. (1998): Molecular systematics of holarctic raptors (Order Falconiformes). In: Chancellor, R.D., Meyburg, B.-U. & Ferrero, J.J. (eds.): Holarctic Birds of Prey: 29-48. Adenex & WWGBP. PDF fulltext

(англиски)