Мверу (езеро)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Езеро Мверу
Езеро Мверу - Јужниот крај на езерото, поглед од вселената, јуни 1993 (лажна боја)
Јужниот крај на езерото, поглед од вселената, јуни 1993 (лажна боја)
Координати 9°10′ ЈГШ 28°30′ ИГД / 
Тип Rift Valley lakes
Главен прилив Луапула
Калунгвиши
Главен истек Лувуна
Земји во сливот Замбија
Демократска Република Конго
Макс. должина 131 km
Макс. ширина 56 km
Површина 5,120 km² (1,977 sq. mi.)
Прос. длабочина 7.5 m
Макс. длабочина 27 m
Водна зафатнина 38.2 km³
Брежна должина1 436 km
Надм. височина на површината 917 m
Острови Килва
Искове
Населени места Нчеленге, Кашикиши, Чиенги, Пвето, Килва, Луконзолва
1 Брежната должина не е добро утврдена мерка.

Езерото Мверу (англиски: Lake Mweru, француски: Lac Moero) се наоѓа во сливот на реката Конго. Надморската височина изнесува 911 метри, должината 100 метри а ширината 40 километри. Површината на езерото изнесува 5,200 км². Најголемата длабочина во езерото изнесува 15 метри.

Езерото ја исполнува издолжената тектонска вдлабочина во правец од југ кон север, помеѓу висорамнината Катанга во Демократској Репоблици Конго. Како и повеќето езера настанати со тектонски движења така и езерото Мверу се одликува со стрмни, стеновити бргови, понекогаш тешко пристапни кои се слабо дисперзирани. На езерото се наоѓаат островите Килва и Искове.

Езерото водата ја добива од притоките и падавините, а губи со одливањето и испарувањето. Има повеќе приливи, а најголем прилив е реката Луапула. Од езерото истекува реката Лувуна, изворен крак на реката Конго. Просечното годишно колебање на нивото на водата е 1,5 м, а апсолутната амплитуда достигнува 4,7 м. Во езерото живеат повеќе од 70 видови на риба. Годишниот улов изнесува околу 15,000 тони, ама се смета дека од премногуте еколошки односи уловот може да се зголеми на 30,000 тони. Со риба се снабдуваат населбите во рударско-индустриските комплекси во Замбија

Сообраќајот на езерото е од локален карактер. Главните пристаништа се во Килва и Пвето а тука се и местата Кашикиши и Нчеленге.

Откривање на езерото[уреди]

Езерото го открил шкотскиот мисионер и истражувач на Африка, Дејвид Ливингстон на 8 ноември 1867 година. Експедицијата се движела од правец Њаса и Тангањика до сливот на Конго, со намера да се испита дали реката Луалаба е изворен дел на реката Конго.

Надворешни врски[уреди]