Маќеа (ТВ серија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Маќеа
Жанр драма, теленовела
Создадена од Артуро Моја Грау
Настапуваат Викторија Руфо
Цезар Евора
Жаклин Андер
Сабин Моусиер
Рене Касадос
Најавна песна "Vivime" , Лаура Паусини
Земја на потекло Мексико
Јазик Шпански
Број на епизоди 120
Продукција
Изврш(ен/ни) продуцент(и) Салвадор Мехија Алехандро
Локаци(ја/и) Мексико Сити
Хочимилко
Аруба
Времетраење 45 минути
Емитување
Канал на емитување Канал2
Период на прикажување 7 фебруари 2005
Хронологија
Проследена од Невината сопруга (2005)
Официјална Веб-страница

Маќеа (шпански: La Madrastra) е една од најновите продукции на телевизиската куќа Телевиса. Серијата во Мексико започна со прикажување во почетокот на 2005 година. Воедно оваа теленовела беше наменета за 50 години од мексиканската продукција Телевиса. Насловната нумера ја испеа италијанската пејачка Лаура Паусини. Оваа теленовела кај нас се прикажуваше на Сител Телевизија.

Синопсис[уреди]

Една ужасна трагедија му става крај на среќното патување на група пријатели во Аруба. Мариа слуша еден куршум, наоѓајќи ја нејзината пријателка Патрисиа мртва. Збунета и очајна, Мариа несвесно го зема пиштолот во рака. Таа е обвинета за убиство и е осудена на доживотна казна. Нејзиниот сопруг Естебан, еден важен бизнисмен, не верува во невиноста на Мариа; се разведува од неа, веднаш штом се враќа во Мексико, го купува молчењето на сите пријатели што биле на тоа патување, и им кажува на своите деца дека мајка им е загината во една несреќа.

Дваесет години подоцна, Мариа е пуштена на слобода поради добро однесување и се враќа во Мексико барајќи правда. Одлучна е да го најде вистинскиот виновник и да му се спротивстави на својот сопруг Естебан, сопруг кој сега го мрази бидејќи ја оставил сама во најтешките мигови. Но, она што таа највеќе го посакува е да си ги врати своите деца, Хектор и Естреља. Првата работа што Мариа ја прави откако се враќа назад, е тоа што ги собира сите кои биле на тоа трагично патување; Естебан; Сервандо - еден од неговите партнери; Деметрио - адвокат во фирмата, и неговата жена Даниела; Артуро - мажот на Патрисиа; Бруно - уште еден партнер во фирмата, и неговата жена Фабиола и двете тетки на Естебан, Алба и Кармела. Сите се изненадени гледајќи ја Мариа како влегува, и таа им влева сомнеж и страв информирајќи ги дека, дваесет години, вистинскиот убиец на Патрисиа живеел меѓу нив.

Мариа во дневникот на Патрисиа, открива дека Патрисиа всушност не била онаква каква што се претставувала, дека ги знаела тајните и слабостите на сите, и веројатно ја прифатила понудата на Естебан да биде негова љубовница. Таа открива и дека Патрисиа го мразела Леонел, нејзиниот сопствен син, при што Мариа се колне дека никогаш нема да дозволи Леонел да дознае за ова.

Мариа повторно се мажи за Естебан за да ја поврати љубовта на своите деца, но сето ова не излегува толку лесно, бидејќи нејзините деца ја гледаат само како маќеа која дошла само да го заземе местото на нивната мртва мајка која ја обожаваат. Таа мајка е всушност еден портрет на непозната жена кој Естебан нарачал да го нацртаат за да има нешто што ќе ја потврди неговата лага. Мариа мора да се избори и со интригите на тетките и пријателите на Естебан, пред се со Фабиола, која отсекогаш била вљубена во Естебан. Мариа исто така дознава дека Естебан има трето дете, Анхел, и никој не сака да отрие кои се неговите родители. Анхел, е еден млад болен и несигурен човек, кого Мариа го прифаќа веднаш и се однесува со него како спрема сопствено дете.

Полека пополека, Мариа успева да ја добие љубовта на своите деца, без да открие која е всушност вистинската врска која ги поврзува. Таа и помага на Естреља да созрее, да престане да биде површна и безобразна девојка, и да разбере дека од двајцата нејзини додворувачи, Карлос и Греко, Греко е оној што и одговара, бидеќи тој навистина ја сака, а Карлос само трча по нејзините пари. Хектор е едно арогантно момче на кого Мариа му дава една огромна лекција кога тој ја запознава Вивиан (пријателка на Мариа од затворот), и се заљубува во неа. Благодарение на поддршката на Мариа, Анхел станува човек оптимист и сигурен во себе.

Но, покрај сето тоа, најголемиот проблем на Мариа е Естебан. Мариа се наоѓа на еден суров крстопат, бидејќи сфаќа дека сеуште го сака својот маж со целото срце, а и тој ја сака неа. Сега, нејзиното срце е скаменето од дваесет години осаменост и лутина, но и покрај тоа таа треба да најде сили за да избере помеѓу правдата и прошката. На крајот, конечно се дознава кој ја убил Патрисиа, и излегува дека Деметрио бил тој кој сите ги мамел толку време, и ги замолчувал оние кои кои знаеле дека тој е вистинскиот виновник. Суровиот убиец е конечно приведен при обид да ја убие Мариа. На крајот Мариа останува со Естебан, Естреља со Греко, Хектор со Вивиан и Анхел со Алма.

Улоги[уреди]

• Victoria Ruffo - María Fernández Acuña de San Román • César Évora - Esteban San Román • Jacqueline Andere - Alba San Román • Margarita Isabel - Carmela San Román • Cecilia Gabriela - Daniela Márquez de Rivero • Guillermo García Cantú - Demetrio Rivero • Sabine Moussier - Fabiola de Mendizábal • René Casados - Bruno Mendizábal • Eduardo Capetillo - Leonel Ibáñez • Lorenzo de Rodas - Servando Maldonado • Martha Julia - Ana Rosa Braun Márquez • Michelle Vieth - Vivian Sousa de San Román • Ana Layevska - Estrella San Román Fernández de Montes • Mauricio Aspe - Héctor San Román Fernández • Miguel Ángel Biaggio - Ángel San Román • Mariana Ríos - Lupita Montes de Ibáñez • Ximena Herrera - Alma Muñoz de San Román • José Luis Reséndez - Greco Montes • Joaquín Cordero - Padre Belisario • Montserrat Olivier - Patricia de Ibáñez

Маќеа - години подоцна (La Madrastra - Años después.)[уреди]

Оваа екстра епизода првпат е емитувана на El canal de las Estrellas на 30 Јули 2005, ден подоцна од финалето на серијата. Десет години подоцна, фамилијата Сан Роман живее среќно и сложно со новите 4 внучиња, вклучувајќи ги и жителите на Xochimilco, а во оваа специјална епизода Даниела, Бруно и Фабиола не се појавуваат. (Спомнато е само дека Даниела е омажена за постар човек, а Бруно и Фабиола им помагаат на болните деца). Фамилијата Сан Роман е на патување во колибата на Патрисиа, незнаејќи дека Деметрио, кој мислат дека е починат една година пред тоа, е всушност жив кој со помош на малиот Анхел, синот на Анхел и Алма, и дадилката на децата Диана планира да ја убие целата фамилија. По многуте обиди да ги убие своите роднини, Анхелито ја наведува Мариа да оди во една колиба каде што Деметрио ја држи заробена Естреља. Естебан доаѓа да ги спаси, но додека се бори со Деметрио една свеќа паѓа палејќи ја колибата, во која загинуваат Деметрио и Диана. Малиот Анхел е пред смрт, но молитвите на Мариа до Девицата Марија го спасуваат нејзиниот внук, а таа му ја подарува сребрената статуа на Девицата за секогаш да го потсетува дека треба да биде добар.

Надворешни врски[уреди]

Два краја[уреди]

Маќеа имаше два краја.Првиот крај беше снимен во 2005 каде убиецот беше Деметрио,а вториот крај беше снимен во 2007 каде убиецот беше Фабиола.Исто така е снимено мало продолженија на серијата во ке се расказува живот на ликовите по десет години и како Деметрио побегнал од затвор за да им се одмазди.