Мајсторот и Маргарита

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Мајсторот и Маргарита“  
Автор Михаил Булгаков
Наслов на
оригиналот
Мастер и Маргарита
Земја СССР
Јазик руски
Жанр(ови) мистицизам, научна фантастика, романса, сатира
Издавач Посев
Издадена 1966–1967 (во серија) & 1967 (во единечно издание)
Медиум печатена
OCLC 37156277

Мајсторот и Маргарита (руски: Ма́стер и Маргари́та) е роман од Михаил Булгаков. Во центарот на вниманието на романот е посетата на Сатаната на атеистична Москва. Голем број критики[1] ја сметаат книгата за еден од најдобрите романи на 20 век и една од најдобрите сатирични книги за советската бирократија и социјален живот.

Историја[уреди]

Булгаков го завршил овој роман пред неговата смрт, но некои велат дека тој умрел прерано, затоа што има делови во романот кои не се целосно заокружени, сепак можеби токму несовршеноста е тоа што дава толку голем шарм на “Мајсторот и Маргарита”. Во овој роман Булгаков успеал да ја испреплети трагедијата на неговата татковина со таа на неговиот сопствен живот како писател кому не му било дозволено да пишува. Првото издание во Западна Европа во 1966 (16 години по неговата смрт) веднаш го направи славен, а денес на Булгаков се гледа како на еден од најдобрите руски писатели.[2]

Ликови[уреди]

Руски граѓани[уреди]

Мајсторот
писател кој напишал роман за средба со Понтиј Пилат и Исус од Назарет. Познајник на Бездомни и пациент во психијатриската клиника.
Маргарита
љубовницата на Мајсторот. Таа била посветена на Мајсторот, за кој верува дека е мртов. Таа не се појавува се до втората половина на вториот дел од романот.
Михаил Александрович Берлиоз
шеф на литературното друштво МАСОЛИТ. Прекарот го добил по Хектор Берлиоз.
Иван Николаевич Бездомни
млад поет, пациент во психијатриската клиника каде се среќава со Мајсторот.
Стефан Богданович Лиходејев
Директор на тетатарот Вариет и цимер на Берлиоз. Често нарекуван Стиопа.
Григори Данилович Римски
влагајник на театарот, кој побегнува од Москва по средбата со Сатаната
Иван Савелјевич Варенуха
управник на театарот. Претворен во демон, кој подоцна ќе биде вратен во нормална состојба
Наташа
слугинка на Маргарита.
Никанор Иванович Босој
претседател на куќниот комитет на улица Садоваја 302B.

Соработниците на Воланд[уреди]

Скулптура на Бегемот во Киев.
Воланд
странски „професор“ кој практукува „црна магија“. Ликот всушност го претставува Сатаната
Бегемот
голема црна мачка. Ликот е самото демонско суштество.
Коровиев/Фагото
асистент на Воланд кој е во можност да направи каква било илузија.
Азазело
член на дружината на Воланд, убиец и пратеник. Најверојатно е Азазел.
Хела
убав, црвенокос сукуб.
Абадона
ангел на смртта.

Ликови од романот на Мајсторот[уреди]

Јешуа Ха-Ноцри
осуденик поради проповедување. Ликот е всушност Исус Христос.
Понтиј Пилат
римски управник на Јудеја, познат по судењето на Исус од Назарет.
Апраниј
член на римската света служба во Јудеја.
Леви Матвеј
поранешен даночник, следбеник на Исус.
Јосиф Кајфа
висок свештеник од Јудеја. Тој е заинтересиран за смртта на Исус
Јуда
наместува да го фатат Исус

Белешки[уреди]

Наводи[уреди]

  • G. Lukács, Studies in European Realism, (Merlin, 1973)
  • G. Lukács, The Meaning of Contemporary Realism, (Merlin, 1974)

Надворешни врски[уреди]