Мајк Илич

Од Википедија — слободната енциклопедија
Илич во 2011 година

Мајк Илич (роден како Михаил Илиевски; 1929 — 2017) — македонски мултимилјардер кој живее и работи во САД.

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден е на 20.07.1929 година во градот Детроит, неговото оригинално презиме било променето од Илиев или Илиевски во Илич за време на поделбата на Македонија и српската окупација на Вардарска Македонија (каде што се наоѓа Битола).Бизнисот го почна продавајќи пица и конечно и изгради негова продавница во успешната франшиза наречена Литл Цезарс Пица, познати низ САД и Канада.

Како и другиот сопственик на фирми Стив Ставро, Мајк Илич ја виде својата можност да се вклучи во спортот кога му беше понуден фантастичен договор за добивање на НХЛ франшизата за Детроит Ред Вингс. Наскоро потоа повторно му беше понудена фантастична можност да ја добие франшизата на безбол асоцијацијата за Детроит Тајгерс. За неколку години тој двете франшизи ги сврте во профитабилни и многу популарни организации кога Детроит Ред Вингс го освоија Стенли Купот во сезоните во 1996 – 97 и 1997 – 98 година.

Илич Холдингс[уреди | уреди извор]

Илич Холдингс корпорацијата е приватна компанија, разнородна компанија од Мичиген која ги вклучува следните бизниси.

Храна

ЛИТЛ ЦЕЗАР ЕНТЕРПРАЈС, Инц.[уреди | уреди извор]

Пица!Пица! и еден од најголемите ланци за пица Литл Цезарс Пица се формирани во 1959 година во Детроит. Ланецот се состои и од сопствена компанија и од локации под франшиза во САД и 22 продавници надвор од САД. Блу Лајн Дистрибјутинг е дел од Литл Цезар Ентерпрајс, Инк што ги снабдува и опремува рестораните на Литл Цезар и на другите компании преку регионалните складишта.

Литл Цезар и возвраќа на заедницата на која и служи. На пример, Литл Цезар е спонзор на најголемата аматерска хокеј лига во државата.

Литл Цезарс Пица Кит[уреди | уреди извор]

Програмата за собирање средства Литл Цезарс Пица Кит ги содржи сите состојки за да се направи вкусна пица дома. Нашиот фонд за собирање средства е забавна, лесна и профитебилна програма за училишта, спортски групи и непрофитебилни организации.

ХОКЕЈ ТАУН КАФЕ[уреди | уреди извор]

Иличи секогаш се во првиот ред на новите ресторантски концепти. Хокеј Таун ресторанот се наоѓа во Секонд Сити Детроит Театарот. Тој претставува мемориал на хокејот преку сите три нивоа на ресторанот.

СПОРТ[уреди | уреди извор]

ДЕТРОИТ РЕД ВИНГС Инк.[уреди | уреди извор]

Детроит Рад Вингс е тим од НХЛ што Мајкл и Марион Илич го купија во 1982 заедно со тимот за подмладување на Ред Вингс, Адирондајк Ред Вингс. Ред Вингс повторно станаа еден од најсилните тимови на НХЛ и двапати по ред го освојуваа Стенли Купот во 1997-98 и 1996-97 година. Исто така беа финалисти на Стенли Купот во 1995 година.

Финансии[уреди | уреди извор]

Ворлд Магазин константно ги рангира Ред Вингс како еден од највредните франшизи во НХЛ.

ДЕТРОИТ ТАЈГЕРС[уреди | уреди извор]

Во 1992 година Мајк Илич ги купи Детроит Тајгерс, тимот на Детроит во Главната безбол лига, кој игра во Комершал Парк. Се планира да се изградат нови стадиони за Детроит Тајгерс и фудбалскиот тим Детроит Лајонс во централната Театар Област на Детроит. Комерција Паркот беше отворен на 11 април 2000 година за почеток на сезоната.

ЗАБАВА[уреди | уреди извор]

ОЛИМПИЈА ЕНТЕРТЈНМЕНТ Инк[уреди | уреди извор]

Менаџмент компанијата за Џо Луис Арената, дом на Ред Вингс, соседна на Кобо Арената, Гленс Фола Цивик Центарот, дом на Адирондајк Ред Вингс, Фокс Театарот, Секонд Сити - Детроит, и зоолошката градина на Детроит, услуги/концесии. ОЕЛ е купена од Мајк и Марион Илич во 1982 година.

ФОКС ТЕАТАР[уреди | уреди извор]

Иличи ја купија историската зграда на Фокс Театарот во центарот на Театарската област на Детроит во јули 1987 година. По речиси една година реновирање Фокс Театарот со 5000 седишта беше повторно отворен на 19.11.1988 година. Зградата стана светскиот штаб на Литл Цезар Пица во декември 1989. Вкупната инвестиција на Иличи во Детроит до тој датум изнесуваШе 200 милиони долари.

СЕКОНД СИТИ - ДЕТРОИТ[уреди | уреди извор]

Фамилијата Илич го отвори Секонд Сити - Детроит во септември 1993 година. Театрот, сместен веднаш до Фокс Театарот на местото на поранешната зграда на Хјуз и Хачер, во себе ги содржи театрот и целокупните услуги на ресторанот Хокејтаун Кафе. Секонд Сити има свои театри во Чикаго и Торонто.

ДРУГО[уреди | уреди извор]

ОЛИМПИЈА ДЕВЕЛОПМЕНТ[уреди | уреди извор]

Иличи го формираа Олимпија Девелопмент ДОО во 1996 година за понатамошно инвестирање во центарот на Детроит. Прв што треба да се развие е проектот на Колумбија Стрит кој чини 15 милиони долари и кој како најава вклучува Хард Рок Кафе.

ЛИТЛ ФОКСИС[уреди | уреди извор]

Литл Фоксис е уникатна продавница за подароци сместена во зградата на Фокс Театарот. Формирана од Марион Илич во 1992 година, оваа ексклузивна продавница е специјализирана на уникатни подароци од целиот свет, вклучувајќи керамички производи, мебел, кристал, порцулан, накит, рамки за слики и детски играчки и облека. Литл Фоксис е единствена продавница за подароци од таков вид во Детроит.