Мајк Зафировски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Зафировски на конференција во Лас Вегас

Мајк Зафировски (роден 1954) е познат светски бизнисмен, со македонско етничко потекло кој живее и работи во САД.[1][2]

Роден е во Скопје во 1954 година, а заедно со своето семејство во САД се преселил во 1969 година, во сојузната американска држава Охајо. Високото образование го стекнал на универзитетот „Единборо“ во Пенсилванија, каде и докторирал. Кариерата ја започнал во американската компанија „Џенерал Електрик“. Извршувал високи менаџерски функции во повеќе големи светски компании како „Боинг“, „Моторола“, „Нортел“, а од 2007 година е советник на американскиот претседател Џорџ Буш за безбедност во телекомуникациите и технологијата.[3][4]

Добитник е на „медалот на честа“ во 2004 година. Мајк Зафировски заедно со повеќе други македонски бизнисмени од дијаспората е носител на проектот „Македонија 2025“ кој има за цел да го поттикнува економскиот развој и привлекувањето на странските инвеститори во Република Македонија. Мајк Зафировски е женет и е татко на три сина.

Наводи[уреди]