Мајкл Хепберн

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мајкл Хепберн
Хепберн на Е3 Харелбеке 2015
Лични податоци
Цело имеМајкл Дејвид Хепберн
ПрекарХепи
Роден17 август 1991(1991-08-17)(32 г.)
Бризбејн, Австралија Австралија
Висина1,86 м
Маса76 кг
Податоци за клубот
Мом. клубТим Џејко-АИУла
Дисциплинавелодромски и друмски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за хронометри
Професионални клубови
2010–2011
2012-
Тим Џајко-Скинс
ГринЕЏ
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
2 ТТТ етапи (2014, 2015)

Еднодневни трки и класици

Национално хронометарско првенство (2014)
Последна промена
28 октомври 2022

Мајкл Хепберн (англиски: Michael Hepburn; р. 17 август 1991[1]) — австралиски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата Тим Џејко-АИУла.[2] Тој е двократен олимписки сребрен медалист.[3]

Од Бризбејн,[4] Хепберн започнал со настапи во велосипедизам на 14 години откако се префрлил од триатлон.[5][6]

Спортски достигнувања[уреди | уреди извор]

Некои од најпознатите достигнувања на Хепберн се победата на друмската трка под 23 години на австралиските првенства[7] (на само 18 години) и победата во екипната потера на Светските велодромски првенства 2010 во Данска.[8] Станал познат меѓу австралиската велосипедска заедница во 2009 година кога го срушил светскиот рекорд во дисциплината поединечна потера на 3.000 метри под 19 години на австралиското велодромско првенство[9] пред да го сруши истиот светски рекорд уште двапати за победа на светските јуниорски првенства во 2009 година во Русија. Настапил на Комонвелтските игри во Делхи 2010 година, каде го освоил бронзениот медал во поединечна потера и златниот медал во екипна потера.[10]

Во 2012 година, фокусот му бил насочен на Олимписките игри и потпишување со професионална континентална екипа.

На 8 ноември 2011 година било објавено дека Хепберн ќе се приклучи на ГринЕЏ за нивната воведна сезона во 2012 година.[11] Во 2012 година го освоил сребрениот медал во дисциплината екипна потера на Летните олимписки игри 2012.[3] Настапил на друмската трка и на хронометарот на Игрите на Комонвелтот 2014, завршувајќи на шестото место на хронометарот.[12]

Во јули 2018 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2018.[13]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

Велодромски велосипедизам[уреди | уреди извор]

2009
Светски јуниорски велодромски првенства
1. Поединечна потера (светски рекорд)
2. Екипна потера
Национални јуниорски велодромски првенства
1. Поединечна потера (светски рекорд)
1. Омниум
1. Екипна потера
Светски велодромски куп 2009-10
1. Екипна потера, Пекинг
1. Екипна потера, Мелбурн
2010
Игри на Комонвелтот
1. Екипна потера
3. Поединечна потера
1. Светско велодромско првенство - екипна потера
1. Национално велодромско првенство - омниум
1. Светски велодромски куп 2010-11 - екипна потера, Мелбурн
2011
Светски велодромски првенства
1. Екипна потера
3. Поединечна потера
Океански велодромски првенства
1. Поединечна потера
1. Екипна потера
Национални велодромски првенства
2. Екипна потера
3. Поединечна потера
3. Бодовна трка
2012
2. Олимписки игри - екипна потера
2013
Светски велодромски првенства
1. Екипна потера
1. Поединечна потера
2016
1. Светско велодромско првенство - екипна потера
2. Олимписки игри - екипна потера

Друмски велосипедизам[уреди | уреди извор]

2009
Трка на реката Мари
1. Етапа 11
1. Етапа 12
2010
1. Национално друмско првенство под 23 години
1. Етапа 1 (TTT) Трка околу Тирингија под 23 години
3. Рогаланд ГП
9. Меморијал Давиде Фардели
2011
1. Етапа 2 Трка околу Норвешка
Тур де л’Авенир
1. Пролог
1. Етапа 4
1. Етапа 2 (TTT) Трка околу Тирингија под 23 години
2. Национално хронометарско првенство под 23 години
2. Гран премио дела Либерационе
3. Светско хронометарско првенство под 23 години
6. Краен пласман Трка Олимпија
2012
4. Национално хронометарско првенство
2013
2. Светско првенство во екипен хронометар
2. Дуо Норманд (со Јенс Мурис)
2014
1. Национално хронометарско првенство
1. Етапа 3 (ITT) Трка околу Катар
1. Етапа 1 (TTT) Џиро д’Италија
2. Светско првенство во екипен хронометар
6. Игри на Комонвелтот - хронометар
2015
1. Океанско хронометарско првенство
1. Етапа 1 (TTT) Џиро д’Италија
3. Краен пласман Серија Заливски класик
2016
3. Светско првенство во екипен хронометар
2017
1. Етапа 2 Серија Заливски класик
4. Национално хронометарско првенство
7. Велотон Хонгконг
2019
1. Етапа 1 (ТТТ) Тирено-Адријатико
1. Етапа 1 (ТТТ) Трка околу Чешка
5. Антверпен Порт Епик
2020
1. Етапа 1 (ТТТ) Трка околу Чешка
Национални друмски првенства
4. Хронометар
8. Друмска трка

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
Џиро 154 160 150 122 СО 120 112
Тур 117 146
Вуелта не настапил во текот на својата кариера

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Страница на екипата Џајко Скинс“. Cycling Australia. Архивирано од изворникот на 2010-05-29. Посетено на 16 јуни 2010.
  2. „GreenEDGE Cycling“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 1 January 2021. Посетено на 1 January 2021.
  3. 3,0 3,1 „Michael Hepburn Bio, Stats, and Results | Olympics at Sports-Reference.com“. sports-reference.com. Архивирано од изворникот 14 January 2020. Посетено на 20 September 2021.
  4. „Cycling Australia Profile: Michael Hepburn“. Cycling Australia. Архивирано од изворникот на 1 March 2011. Посетено на 16 April 2010.
  5. „Профил: Мајкл Хепберн“. Cycling Australia. Архивирано од изворникот на 2011-03-01. Посетено на 16 април 2010.
  6. „Профил: Мајкл Хепберн“. Австралиски олимписки комитет. Архивирано од изворникот 2011-08-12. Посетено на 26 февруари 2015.
  7. „Хепберн ја освои австралиската друмска титула под 23 години“. SBS Cycling Central. Архивирано од изворникот на 2014-01-06. Посетено на 16 јуни 2010.
  8. „Тројцата Австралијци го освоија златниот медал во екипна потера“. SBS Cycling Central. Архивирано од изворникот на 2014-01-06. Посетено на 18 јуни 2010.
  9. „Профил: Мајкл Хепберн“. Cadence Cycling. Архивирано од изворникот на 2015-07-01. Посетено на 16 јуни 2010.
  10. Мајкл Вајтинг. „Brookfield's Michael Hepburn wins gold“. Westside News. Архивирано од изворникот на 2010-10-11. Посетено на 10 октомври 2010.
  11. „ГринЕЏ го заокружи составот со Дарбриџ и Хепберн за 2012“. Cycling News. Future Publishing Limited. 8 ноември 2011. Посетено на 1 јануари 2012.
  12. „Glasgow 2014 - Michael Hepburn Profile“. g2014results.thecgf.com. Архивирано од изворникот на 2021-09-20. Посетено на 2021-09-20.
  13. „2018: 105th Tour de France: Start List“. Pro Cycling Stats. Посетено на 5 јули 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]