Мајкл Кин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мајкл Кин
Лични податоци
Роден на 11 јануари 1993(1993-01-11)(31 г.)
Роден во Стокпорт, Англија
Држава Англија Англија
Висина &100000000000001750000001,75 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Евертон Евертон
Број 4
Младинска кариера
Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2011–2015 Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 1 (0)
2012-2013Лестер Сити Лестер Сити 22 (2)
2013-2014Дарби Каунти Дарби Каунти 7 (0)
2014Блекбурн Роверс Блекбурн Роверс 13 (3)
2014-2017Барнли Барнли 100 (7)
2017- Евертон Евертон 16 (0)
Репрезентација
2012 Англија Англија 19 5 (0)
2013- Англија Англија 21 19 (3)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 17 јануари 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 јануари 2012

Мајкл Винсент Кин (роден на 11 јануари 1993 година) — англиски фудбалер, играч од одбраната на Барнли. Неговиот брат близнак Вил Кин е исто така фудбалер и игра за Манчестер Јунајтед.

Кин ја претставувал селекцијата на Република Ирска во младинските категории до 17, 18 и 19 години, пред да заигра за селекцијата на Англија под 19 години на европското првенство во Естонија.

Технички одлики[уреди | уреди извор]

Неговата позицијата е централен одбранбен играч, но по потреба може да биде користен и како страничен бек.

Кариера[уреди | уреди извор]

Манчестер Јунајтед[уреди | уреди извор]

Кин потпишал професионален договор со Манчестер Јунајтед на својот 18-ти роденден на 11 јануари 2011 година. Тој го направил своето деби за првиот тим на 25 октомври 2011 година во четвртиот круг од Лига купот против Олдершот Таун, појавувајќи се како замена во 70-тата минута на местото на Езекиел Фрајерс во победата на Јунајтед со 3-0 нагости. На 28 јануари 2012 година тој повторно бил повикан на клупата, овој пат против Ливерпул за натпревар од ФА Купот. Сепак, тој останал неискористена замена и натпреварот завршил со победа на Ливерпул од 2-1.

Следната сезона тој за првпат бил стартер во еден натпревар на Јунајтед, на 26 септември 2012 година против Њукасл Јунајтед во Лига купот, играјќи во пар со Скот Вутон на центаралните позиции во одбраната. По натпреварот, соиграчот Дарен Флечер го пофалил Кин за неговата игра опишувајќи ја како фантастична.

Лестер Сити[уреди | уреди извор]

На 6 ноември 2012 година, Кин заедно со неговиот соиграч од резервите на Јунајтед, Џеси Лингард му се придружил на Лестер Сити во Чемпионшип на заем до 3 декември 2012. Кин го направил своето деби за Лестер Сити на 6 ноември 2012 година, во ремито без голови 0-0 нагостувањето кај Болтон. Во 56-тата минута од овој натпревар Кин се повредил и бил заменет од страна на Лајам Мур. Заемот потоа бил продолжен до 2 јануари 2013. Тој се вратил по повредата на 29 ноември 2012, но останал неискористена замена во натпреварот против Барнли. Неговото враќање на теренот се случило на 1 јануари 2013 кога тој ги одиграл комплетните 90 минути во победата на домашен терен над Хадерсфилд со 6-1. Подоцна, Кин го продолжил неговиот престој во Лестер до крајот на јануари 2013 и му била дадена дозвола од страна на Јунајтед да игра во натпреварите од ФА Купот за Лестер.

Статистика на кариерата[уреди | уреди извор]

Клуб[уреди | уреди извор]

Клуб Сезона Лига Куп Лига Куп Европа Друго[nb 1] Вкупно
Меч Гол Меч Гол Меч Гол Меч Гол Меч Гол Меч Гол
Манчестер Јунајтед 2011–12 0 0 0 0 1 0 0 0 0 0 1 0
2012–13 0 0 0 0 2 0 0 0 2 0
Вкупно 0 0 0 0 3 0 0 0 0 0 3 0
Лестер Сити (заем) 2012–13 4 0 1 0 5 0
Вкупно во кариерата 4 0 1 0 3 0 0 0 0 0 8 0

Статистиката последен пат е ажурирана на 25 јануари 2013.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Нотес[уреди | уреди извор]

  1. Останати официјални натпреварувања, ФА Комјунити Шилд