Машка кошаркарска репрезентација на Канада
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
|
Канадска кошаркарска репрезентација |
|
| ФИБА ранк | 17ти |
|---|---|
| член на ФИБА од | 1936 |
| ФИБА зона | ФИБА Америка |
| Национална федерација | Канада Баскетбол |
| Тренер | Лио Ројтинс |
| Олимписки настапи | |
| Настапи | 8 |
| Медали | Сребро 1936 |
| Светски првенства | |
| Настапи | 11 |
| Медали | 0 |
| ФИБА Амерички првенства | |
| Настапи | 13 |
| Медали | Сребро 1980, 1999 Бронза: 1984, 1988, 2001 |
Канадската кошаркарска репрезентација ја претставува Канада во спортот кошарка и е исто така позната како „Тим Канада“. Оваа е една од репрезентациите под покровителство на Канада Баскетбол, канадската кошаркарска федерација. Најголем успех на репрезентацијата е освојувањето на второто место на ЛОИ во далечната 1936, а во понови времиња, под најдобриот канадски кошаркар на сите времиња, Стив Неш, учеството и освојувањето на седмото место на ЛОИ во Сиднеј во 2000. Канадската репрезентација поминува низ период од транзиција на почетокот на новиот век, но со време, младите играчи добиваат неопходно искуство. Лидер на младиот канадски тим од 2007ма се до денес е Семјуел Даламберт од Филаделфија Севентисиксерс од НБА.
[уреди] ФИБА Квалификации за ЛОИ 2008 оддржани во Атина
Канада се извлече од фазата на групи, со минимална победа од 78-76 над Јужна Кореа, со кам-бек во последните минути. Во четврт-феналето, се сретна со Хрватска, и беше убедливо поразена од Хрватите, кои се пласираја и на самите Летни Олимписки Игри. На мечот против Јужна Кореа и против Хрватска, тренерот Лио Ројтинс го имаше суспендирано неговиот најдобар играч Семјуел Деламберт, запечатувајки ја судбината на Канаѓаните, кои беа ослабени со неиграњето на Стив Неш, Џамал Меглор и суспендираниот Денхам Браун. Извршниот одбор на репрезентацијата одлучи во иднина да самите селектираат репрезентативци, и тренер кој ќе ги води за тој одреден циклус, место тренер/селектор со полно работно време.
[уреди] Селекција
ФИБА Олимписки Квалификации за Летни Олимписки Игри 2008 .
| # | Позиција | Име и презиме | Година на раѓање | Висина | Клуб |
|---|---|---|---|---|---|
| бек | Рован Берет | 1972 | 196 | ||
| бек | Карл Инглиш | 1981 | 196 | ||
| бек | Џермејн Андерсон | 1983 | 188 | ||
| бек | Тајлер Кепкеј | 1987 | 182 | ||
| бек | Енди Ројтинс | 1986 | 196 | ||
| крило | Олу Фамутими | 1984 | 198 | ||
| крило | Левон Кендал | 1985 | 206 | ||
| крило | Дејв Томас | 1976 | 204 | ||
| крило | Хуан Мендез | 1981 | 208 | ||
| крилен центар | Џеси Јанг | 1980 | 209 | ||
| центар | Семјуел Деламберт | 1981 | 210 | ||
| центар | Џоел Антони | 1982 | 207 | ||
| - | тренер | Лио Ројтинс |