Мачеј Патерски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мачеј Патерски

Патерски на Брабантсе Пејл 2015
Лични податоци
Цело име Мачеј Патерски
Роден 12 септември 1986 (1986-09-12) (28 г.)
Калиш, Полска
Висина 1,87 м
Маса 69 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб ЦЦЦ-Спранди-Полковице
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Аматерски клубови
2009 Ликвигас (стажант)
Професионални клубови
2010–2013
2014–
Ликвигас-Доимо
ЦЦЦ-Полсат-Полковице
Значајни победи
;Етапни трки
Трка околу Норвешка (2014)
Трка околу Хрватска (2015)
Последна промена
3 мај 2015

Мачеј Патерски (полски: Maciej Paterski; р. 12 септември 1986) — полски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа ЦЦЦ-Спранди-Полковице.[1]

Патерски го напуштил Канондејл[2] на крајот на сезоната 2013 и му се приклучил на ЦЦЦ-Полсат-Полковице за сезоната 2014.[1] Имал прилично успешна сезона 2014, победувајќи на Трката околу Норвешка и освојувајќи го планинскиот пласман на домашната Трка околу Полска. Подоцна во сезоната, победил и на Меморијал Хенрик Ласак. Сезоната 2015 ја започнал во добра форма, завршувајќи на шестото место на Вуелта а Мурсија и победа на првата етапа на Волта а Каталуња. На крајот на април, Патерски преовладувал на новата Трка околу Хрватска, каде го освоил крајниот пласман, бодовниот и планинскиот пласман, како и две етапи.[3]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2007
2. ГП Брадло
2008
1. Етапа 5 Џиро деле Реџони
3. Џорни Маркиџана
6. Трофео Чита ди Сан Вендемијано
9. Ла Кот Пикард
2009
2. Копа Сан Џео
5. Трофео Франко Балестра
5. Трофео Алчиде Дегаспери
6. Трофео Зсшди
2010
75. Краен пласман Вуелта а Еспања
2011
3. Национално друмско првенство
4. Џиро дел Фриули
5. Копа Берноки
2013
3. Гран Премио Индустрија е Комерчо ди Прато
2014
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Трка околу Норвешка
1. Меморијал Хенрика Ласака
9. Волта Лимбург Класик
1. Виолетова маичка Планински пласман Трка околу Полска
2015
1. Етапа 1 Волта а Каталуња
1. Jersey red.svg Краен пласман Трка околу Хрватска
1. Jersey blue.svg Бодовен пласман
1. Jersey green.svg Планински пласман
1. Етапа 3
1. Етапа 5
2. Класик Волта Лимбург
6. Вуелта а Мурсија
9. Брабантсе Пејл
9. Амстел Голд Рејс

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Акселгард, Емил. „CCC renews Rebellin's contract, signs Paterski and Samoilau“, „CyclingQuotes“, JJnet.dk A/S, 16 ноември 2013 (конс. 23 декември 2013).
  2. „Канондале (CAN) - ITA“. Светска турнеја UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://www.uciworldtour.com/Modules/SUCI/TEAMS/TeamDetails.asp?id=MTY&RefDate=04.01.2013&MenuId=MTYzMDE&LangId=1&BackLink=%2Ftemplates%2FUCI%2FUCI2%2Flayout%2Easp%3FMenuId%3DMTYzMDE%26LangId%3D1. конс. 4 јануари 2013. 
  3. Le nouveau succès de M. Paterski“, „Cyclism'Actu“, Swar-Agency, 26 април 2015 (конс. 26 април 2015). (на француски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]