Матје Ладању

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Матје Ладану)
Матје Ладању
Ладану на Тур де Франс 2007
Лични податоци
Цело имеМатје Ладању
Роден12 декември 1984(1984-12-12)(39 г.)
По,  Франција
Висина1,81 м
Маса73 кг
Податоци за клубот
Мом. клубГрупама-ФДЖ
Дисциплинадрумски и велодромски велосипедизам
Улогавозач
Професионални клубови
2006– Франсес де же
Последна промена
21 јануари 2019

Матје Ладању (француски: Mathieu Ladagnous; р. 12 декември 1984 во По) — француски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Групама-ФДЖ.[1] Тој настапува и како велодромски велосипедист.

Кариера[уреди | уреди извор]

Ладану станал јуниорски светски првак во медисон во Мелбурн, Австралија во 2002 со неговиот партнер Том Тимбле. Во 2003 ја освоил француската национална титула во бодовната трка за возачи под 23 години. Исто така го освоил и бронзениот медал во поединечниот спринт (под 23 години) и сребрениот медал во медисон со Фабјен Петаншон во елитната класа. Подоцна истата година, тој и Петаншон станале европски прваци на велодромското првенство под 23 години. Една година подоцна, го освоил бронзениот медал во скреч на првенствата под 23 години во 2003. Го подобрил неговиот бронзен резултат во поединечен спринт на државното првенство во злато, додека златото во бодовната трка го заменил со сребро во 2004. Во елитната класа го освоил златото за медисон, повторно заедно со Петаншон.

Во 2005 најпрвин продолжил како велодромски велосипедист и додал уште едно национално сребро под 23 години кон неговите достигнувања во поединечна потера. Освоил и сребрен медал во медисон во елитната класа, повторно во Петаншон. На екипната потера, заедно со Антони Ланжела, Фабиен Санчес и Микаел Мали го освоил златниот медал и станале национални елитни прваци. На европските првенства 2005 го освоил сребрениот медал во бодовната трка. Во 2005 првпат настапил во друмскиот велосипедизам. Веднаш го освоил прологот на Мајнфранкен-Тур (под 23 години) и генералниот пласман. Тој одлучил да се фокусира главно на друмскиот велосипедизам во сезоната 2006, но го освоил златото во екипната потера со Микаел Делаж, Џонатан Мушел, Микаел Пре и Силвен Бланкефор. Ја извозил првата друмска трка во 2006, кога ја освоил петтата етапа на Средоземната трка. Порано таа година, ја освоил петтата етапа и генералниот пласман на Четири дена Динкерк.

Бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2017.[2]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2002
1. Светско јуниорско велодромско првенство UCI - медисон
2003
1. Француско велодромско првенство под 23 години - бодовна трка
1. Европско велодромско првенство под 23 години - медисон
2. Француско велодромско првенство - медисон
3. Француско велодромско првенство под 23 години - поединечна потера
2004
1. Француско велодромско првенство - медисон
1. Француско велодромско првенство под 23 години - поединечна потера
2. Француско велодромско првенство под 23 години - бодовна трка
3. Светски велодромски куп - скреч
3. Европско велодромско првенство под 23 години - скреч
2005
1. Пролог Мајнфранкен-Тур под 23 години
1. Генерален пласман Мајнфранкен-Тур под 23 години
1. Француско велодромско првенство - екипна потера
2. Европско велодромско првенство под 23 години - бодовна трка
2. Француско велодромско првенство - медисон
2. Француско велодромско првенство под 23 години - поединечна потера
2. Куп UIV под 23 години Ротердам
9. Друмска трка на Средоземните игри
2006
1. Етапа 5 Средоземна трка
1. Француско велодромско првенство - екипна потера
2007
1. Етапа 5 Четири дена Динкерк
1. Генерален пласман Четири дена Динкерк
2009
1. Генерален пласман и Ла Тропикал Амиса Бонго
1. Етапа 1
1. Полинорманд
2011
1. Етапа 1 Тур де Валони
2. Краен пласман Тур ду Лимузен
1. Етапа 3
1. Етапа 4
2012
5. Гран при де Плумелек-Морбијан
6. Краен пласман Три дена Западна Фландрија
7. Е3 Харелбеке
8. Омлоп Хет Ниувсблад
2013
1. Букл де л’Олн
1. Етапа 3 Тур ду Лимузен
5. Трка околу Фландрија
6. Гент-Вевелгем
6. Гран при де Плимелек-Морбијан
8. Краен пласман Три дена Западна Фландрија
8. Гран Премио Нобили Рубинетери
2015
4. Краен пласман Тур ди О Вар
5. Гран при де Плимелек-Морбијан
2016
2. Краен пласман Ле Медитеранен
1. Етапа 1 (ТТТ)
10. Омлоп Хет Ниусблад
2018
7. Париз-Камемберт
8. Тур ди Дуа
8. Гран Премио Бруно Бегели

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
Џиро 97 СО
Тур 93 85 76 71 СО
Вуелта 63 98

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „FDJ.fr (FDJ) — ФРА“. Светска турнеја на UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. Посетено на 2 јануари 2014.
  2. „2017: 100th Giro d'Italia: Start List“. Pro Cycling Stats. Посетено на 2 мај 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]