Мата Уту

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мата-Уту
Matāʻutu
Островот Валис со гратчето Мата-Уту на западниот брег
Островот Валис со гратчето Мата-Уту на западниот брег
Координати: 13°17′S 176°11′E / 13.283° ЈГШ; 176.183° ИГД / -13.283; 176.183
ЗемјаФранција
ТериторијаВалис и Футуна
ОстровВалис
ОкругХахаке
Население (2003)[1]
 • Вкупно1.191

Мата-Уту (Mata-Utu или Matāʻutu) е главен град на француската тихоокеанска територија Валис и Футуна. Градот се наоѓа на островот Валис (ʻУвеа), во округот Хахаке, воедно и негов административен центар. Населението брои 1.191 жители [1].

Во центарот на Мата-Уту доминира Богородичната катедрала, прогласена за национално богатство на Франција. Во близината има неколку ресторани, хотели, пошта, дворецот на Кралот на Увеја (едно од трите традиционални кралства). Недалеку од градот се наоѓаат полициската станица и трговскиот центар. Во близината на Мата-Уту две важни археолошки наоѓалишта: остатоците од тврдината Талиетуму и местото Тонга Тото.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Попис 2003 Архивирано на 25 октомври 2005 г. (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 13°17′S 176°11′W / 13.283° ЈГШ; 176.183° ЗГД / -13.283; -176.183