Маска (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Маска е американски филм од 1994 година, во режија на Чак Расел. Главните улоги ги играат: Џим Кери, Камерон Дијаз и Питер Ригерт.

Содржина[уреди | уреди извор]

Стенли Ипкис (го игра Кери) е обичен банкарски службеник, кој случајно наоѓа маска со огромна моќ. Со неа, тој се трансформира во семоќен човек, кому не му можат ништо ниту куршумите, ја ограбува банката и ја заведува девојката (ја глуми Дијаз) на опасниот шеф на криминалците. Сфаќајќи дека во маската се крие голема негативна енергија, на крајот тој одлучува да се ослободи од неа.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Антена, број 853, 31.10.2014, стр. 16.