Масаја (вулкан)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Масаја
Поглед кон кратерот
Највисока точка
Надм. вис.635 м [1]
Координати11°58′58″N 86°9′43″W / 11.98278° СГШ; 86.16194° ЗГД / 11.98278; -86.16194Координати: 11°58′58″N 86°9′43″W / 11.98278° СГШ; 86.16194° ЗГД / 11.98278; -86.16194
Географија
Масаја на карта

Карта

МестоМасаја, Никарагва
Матичен венецСредноамерикански вулкански појас
Геологија
Старост на карпата~9.000 години
ВидКалдера, штитест вулкан
Вулкански лак/појасСредноамерикански вулкански појас
Последен избувјануари 2016 [1]

Масаја — еден од најактивните вулкани во Никарагва, е 11 км широка купа со десетици отвори оградени со ѕидови што се високи 300 м. Конусите близнаци Масаја и Ниндири претставуваат изворишта на чести ерупции. Огромна ерупција од планински вид, што била причина за излевање се случила пред околу 6,500 години. Оттогаш, зачестени потоци лава покривале поголем дел од дното на купата а во 1670 година еден го надвиснал северниот раб.

Опис[уреди | уреди извор]

Масаја е купа која се наоѓа во Масаја, Никарагва, 20 километри јужно од главниот град Манагва. Тоа е првиот и најголемиот национален парк на Никарагва и еден од 78 заштитени подрачја на Никарагва. Сложениот вулкан е составен од вгнездени купи и кратери, од кои најголемиот е штитестиот вулкан и купа Лас Сиерас. Оваа купа лежи на подотвор којшто е вулканот Масаја. Отворот е штитест тип на вулкан составен од базалтни лави и тефри со кратер на врвот. Оваа купа се формирала пред 2,500 години од 8-km3 базалтно игнибритна ерупција. Во купата со ерупции пораснал нов базалтен комплекс од полукружно поставени отвори, кои ги вклучуваат конусите Масаја и Ниндири.

Масаја постојано испушта големи количини сулфур диоксид (од активниот кратер Сантјаго) и вулканолозите ова го проучуваат (меѓу останатите знаци) за подобро да го разберат однесувањето на вулканот и воедно да направат проценка за влијанието на киселите дождови.

Историја[уреди | уреди извор]

Кратерот Сантјаго

Основата на купата на Масаја главно е покриена со слабо вегетативна 'a'ā лава, што укажува на покриеност со лава во последните 1000 или повеќе години, но само два лавини тека избиле од 16 век наваму. 

  • Првиот пат, во 1670, лавата протекла од кратерот Ниндири, кој во тоа време содржел лавино езеро со пречник од 1 км.
  • Вториот пат, во 1772, лавата потекла од пукнатината на падината на конусот на Масаја. 

По 1772, лавата избила само во дупката на кратерот Сантјаго (кој во моментов е активен преку испуштање гасови) и можеби во кратерот Ниндири во 1852. Езерото го зафаќа крајниот источен дел на купата. Иако неодамнешната активност на Масаја главно е континуирано испуштање гасови од јамата на кратерот исполнета со лава, голем број дискретни експлозии се случиле во последните 50 години.[2]

Еден таков настан се случил на 22 ноември 1999 година, препознат од сателитските податоци. Жешката точка се појавила на сателитските снимки и тука била можна експлозија. На 23 април 2001 кратерот експлодирал и формирал нов отвор на дното на кратерот. Експлозијата исфрлила карпи со големина до 60 сантиметри кои патувале до 500 подалеку од кратерот. Возила на посетителите на областа биле оштетени и едно лице било повредено. На 4 октомври 2003 една ерупција облак била забележана на Масаја. Чадот се искачил на висина од ~4.6 километри. Во 2008 година, планината избила исфрлајќи пепел и пареа. Вулканските гасови од овој вулкан се мерат преку Системот за аналитика на мултикомпонентни гасови кој детектира предеруптивно зголемувањето на магмите, подобрувајќи го предвидувањето на вулканска активност.[3]

Вулканот Масаја

Национален парк[уреди | уреди извор]

Во 1979 година, Масаја станал првиот национален парк на Никарагва, именуван Националниот парк на вулканот Масаја (шпански: Parque Nacional Volcan Masaya). Паркот има површина од 54 км2 вклучува два вулкани и пет кратери[4] како и голем број на височини меѓу 100 и 630 метри над морското ниво. Во паркот има подземен тунел формиран од лавини текови. Може да се видат лилјаци и да погледне внатре за да се види блескавата лава во темниот отвор на кратерот на вулканот.

Геолошка поставеност[уреди | уреди извор]

Геолошка мапа

Масаја е еден од 18 различни вулкански центри кои го сочинуваат никарагванскиот дел на Средноамерикански вулкански појас формиран со субдукција на Кокосовата плоча под Карипската плоча, заедно со Мезоамериканскиот ров, Средноамериканскиот појас се протега од вулканот Такана во Гватемала до Иразу во Костарика. Западна Никарагва се состои од 4 основни геолошки провинции паралелни со Мезоамериканскиот ров:

1. Предкредска до кредска орфиолитска низа;

2. Терцијарни басени;

3. Терцијарни вулкани; и

4. Активен квартарен вулкански опсег.

Орфиолитска низа е најдена во комплексот Никоја а терцијарни вулкански карпи се наоѓаат главно во никарагванската депресија и формираат две поголеми групи: формациите Марабиос и Сиерас.

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Delmelle, P., Stix, J., Baxter, P.J., Garcia-Alvarez, J. and Barquero, J. (2002). Atmospheric dispersion, environmental effects and potential health hazard associated with the low-altitude gas plume of Masaya volcano, Nicaragua. Bulletin of Volcanology, 10.1007/s00445-002-0221-6
  • Williams-Jones, G., Rymer, H., and Rothery, D.A. (2003). Gravity changes and passive degassing at the Masaya caldera complex, Nicaragua. Journal of Volcanology and Geothermal Research, 123(1-2), 137–160.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Masaya Volcano“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. Посетено на 2009-01-22. (англиски)
  2. "Masaya Volcano"Global Volcanism Program. Smithsonian Institution. 
  3. „Real-Time Multi-GAS sensing of volcanic gas composition: experiences from the permanent Etna and Stromboli networks, Geophysical Research Abstracts, Vol. 11, EGU2009-5839“ (PDF).
  4. „Visiting Masaya Volcano National Park“. ViaNica. Посетено на 2007-08-03.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]