Масаи Мара
| Масаи Мара, национален резерват | |
|
МСЗП - Категорија II (Национален парк)
|
|
Жирафи, Масаи Мара |
|
| Местоположбата на Масаи Мара | |
| Место | |
|---|---|
| Најблизок град | Њери |
| Координати | |
| Површина | 1,510 km² |
| Основан | 1974 |
| Управен орган | Trans-Mara and Narok County Councils |
Масаи Мара е голем резерват во југо-западна Кенија. Наречен е според народот Масаи и зборот „мара“ на нивниот јазик, со значење „со точки“: опис за круговите кои ги формираат дрвјата, џбуновите, саваната и сенките на облаците во оваа област. Овој национален парк е познат и по големите мачки кои живеат таму, како и по миграцијата на зебри, газели и гну која се случува секоја година од јули до октомври.
Географија [уреди]
Националниот парк Масаи Мара се протега на околу 1530 km² во југо-западна Кенија. Тоа е најсеверниот дел од еко системот Мара-Серенгети, кој покрива околу 25.000 km². На југ се граничи со паркот Серенгети, а на север, исток и запад со пасторалните имоти на Масаи. Санд, Талек и Мара се најголемите реки во овој национален парк, а сезонски се појавуваат и поточиња.
Најголемиот дел од резерватот е покриен со трева; на југо-исток расте дрвото акација, а дивите животни се концентрирани најмногу во западниот дел. Делот кој е најпосетен од туристи се наожа на 224 км од Наироби.
