Марјан Алтипармаковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Марјан Алтипармаковски
Лични податоци
Роден на 18 јули 1991(1991-07-18)(32 г.)
Роден во Битола, Македонија,
СФРЈ
Висина 1.85 м[1]
Позиција Напаѓач/втор напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Раднички
Младинска кариера
0000–2009 Пелистер
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2009–2010 Пелистер 25 (6)
2010–2013 Шкода Ксанти 4 (1)
2013 Пелистер 18 (3)
2014 Панилијакос 10 (2)
2014–2016 Работнички 63 (20)
2016–2017 Интер Запрешиќ 10 (0)
2017 Судува 21 (5)
2018 Сараево 2 (0)
2018 Лачи 14 (1)
2019–2020 Пирин 1 (0)
2020–2021 Струга Трим - Лум 29 (7)
2021–2023 Брегалница 2008 54 (11)
2023- Раднички
Репрезентација
2007 Македонија под 17 години 1 (0)
2010–2012 Македонија под 21 година 13 (1)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари

Марјан Алтипармаковски, познат како Мацата, (роден 18 јули 1991 година) ― македонски фудбалер кој игра како напаѓач.[2] Тој има и хрватска националност.[3]

Кариера[уреди | уреди извор]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Алтипармаковски на негови 17 година ја започнал кариерата во Пелистер од Битола.[4] Тој потпишал тригодишен договор со Шкода Ксанти[5] на 5 јули 2010 година, и го напуштил клубот во мај 2013 година. Потоа се вратил во Македонија и Пелистер. Во јануари 2014 година, Алтипармаковски договорил договор со Панилијакос.

Во периодот од 2014 до 2016 година, фудбалерот бил играч на Работнички. Со тој клуб, Алтипармаковски го освоил Купот на Македонија 2014/15. Во летото 2015 година, Работнички и Алтипармаковски стигнале до бараж рундата (последниот филтер) за влез во групите на Лигата Европа 2015/16.[5]

На 15 јули 2016 година, Алтипармаковски го имал дебито за хрватскиот клуб Интер Запрешиќ.[6]

Пред сезоната 2017, тој се приклучил на литванскиот А лигаш Судува.[2] На 13 февруари 2017 година, Алтипармаковски го постигнал својот прв гол, поточно во Купот на Литванија.[7] Со Судува, Алтипармаковски го освоил домашното првенство.[8]

Алтипармаковски потпишал за Сараево на 7 февруари 2018 година.[8]

Во август 2018 година, Марјан се приклучил на албанскиот Лачи.[9] Во јануари 2019 година, тој бил принуден да му бидат оперирани вкрстените лигаменти на ногата.[10] Во јуни истата година, додека бил слободен агент, Алтипармаковски стапил во тренажна постапка.[11]

Тој бил фудбалер на бугарскиот клуб Пирин во периодот од средината на 2019 година до март 2020 година,[5] при што тогаш има повреди.[3]

На 15 јули 2020 година, тој бил претставен кај македонскиот прволигаш Струга Трим - Лум.[12][13] Во јуни 2021 година, играчот ја напуштил Струга Трим - Лум.[14]

За сезоната 2021/22, тој во август потпишал за Брегалница 2008.[15] На крајот на октомври 2022 година, поради лични причини на фудбалерот, Брегалница 2008 и Алтипармаковски го раскинале договорот.[16] Но во јануари следната година, тој се вратил во штипскиот клуб и ја обновил соработката.[17] Откако му истекол договорот со Брегалница 2008, тој во јули истата година потпишал за српскиот Раднички од Белград.[18]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Алтипармаковски има одиграно 21 натпревар за младинските категории на Македонија и има постигнато 3 гола.[11]

Почести[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Марјан Алтипармаковски на WorldFootball.net
  2. 2,0 2,1 "Sūduvos" gretose – du naujokai“ (литвански). FK Sūduva. 28 јануари 2017. Посетено на 1 ноември 2023.
  3. 3,0 3,1 „Пирин" се раздели с бивш македонски национал“ (бугарски). pirinsport.com. 5 април 2020. Посетено на 1 ноември 2023.
  4. „Home“.
  5. 5,0 5,1 5,2 Зоран Мишевски (28 март 2020). „Алтипармаковски: Во Работнички се пронајдов, а не погрешив и што ја избрав Литванија“. gol.mk. Архивирано од изворникот 2020-03-29. Посетено на 1 ноември 2023.
  6. Александар Ковачев (15 јули 2016). „Ејупи и Ивановски го добија „македонското дерби" во првото коло на хрватскиот шампионат“. gol.mk. Посетено на 1 ноември 2023.
  7. Сашо Поповски (14 февруари 2017). „Алтипармаковски со дебитантски гол во дресот на Судува“. gol.mk. Архивирано од изворникот 2017-02-17. Посетено на 1 ноември 2023.
  8. 8,0 8,1 Мартин Танасковски (7 февруари 2018). „Велкоски доби македонско друштво: Алтипармаковски потпиша за Сараево“. gol.mk. Архивирано од изворникот 2018-02-18. Посетено на 1 ноември 2023.
  9. Горан Упале (22 август 2018). „Алтипармаковски конечно пронајде клуб: Ќе тресе мрежи за албански Љачи“. gol.mk. Посетено на 1 ноември 2023.
  10. Горан Упале (24 јануари 2019). „Алтипармаковски ги оперираше вкрстените лигаменти, го чека долга пауза“. gol.mk. Посетено на 1 ноември 2023.
  11. 11,0 11,1 Зоран Мишевски (22 јуни 2019). „Алтипармаковски подготвен за кам-бек по тешката повреда“. gol.mk. Архивирано од изворникот 2019-06-23. Посетено на 1 ноември 2023.
  12. Горан Упале (15 јули 2020). „ОФИЦИЈАЛНО: Струга го претстави најголемото летно засилување“. gol.mk. Посетено на 1 ноември 2023.
  13. „Oslobođenje - USK: Uhapšeno pet osoba zbog trgovine narkoticima“. 21 октомври 2023. Посетено на 1 ноември 2023.
  14. Зоран Мишевски (9 јуни 2021). „Ристевски, Миленковски и Алтипармаковски заминаа од Струга“. gol.mk. Посетено на 1 ноември 2023.
  15. Мартин Танасковски (3 август 2021). „Марјан Алтипармаковски ќе тресе мрежи за штипска Брегалница“. gol.mk. Посетено на 1 ноември 2023.
  16. Мартин Танасковски (27 октомври 2022). „Марјан Алтипармаковски поради лични причини раскина со Брегалница“. gol.mk. Архивирано од изворникот 2022-11-08. Посетено на 1 ноември 2023.
  17. Горан Упале (29 јануари 2023). „Алтипармаковски одново ќе го облече дресот на Брегалница“. gol.mk. Архивирано од изворникот 2023-01-31. Посетено на 1 ноември 2023.
  18. Зоран Мишевски (16 јули 2023). „Алтипармаковски има нов предизвик: Напаѓачот потпиша за Раднички Белград“. gol.mk. Посетено на 1 ноември 2023.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]