Марш на независноста

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
İstiklâl Marşı
македонски: Марш на независноста

Нотите и текстот на химната
национална химна на  Турција
 Турска Република Северен Кипар
Текст Мехмет Акиф Ерсој, 1823 г.
Музика Осман Заки Ингор
Прифатена 12 март 1921 г.

Марш на независноста (турски: İstiklâl Marşı) е национална химна на Турција (официјално прифатена на 12 март 1921 г.), а како своја химна ја користи и Турската Република Северен Кипар.

На организираниот национален конкурс за избор на химна биле испратени 724 песни. Турското Големо национално собрание првата награда едногласно му ја доделило на поетот Мехмет Акиф Ерсој, за неговата песна што се состоела од десет строфи, при што тој одбил да ја прифати парчната награда.

За музика што требало да биде напишана врз основа на одбраниот текст бил организиран друг натпревар, на кој учествувале 24 композитори. Советот, кој бил свикан во 1924 година поради Турската ослободителна војна, го прифатил предлогот на Али Рифат Шагатај.

Оваа музика била користена до 1930 година. Потоа била прифатена музиката на Осман Заки Ингор, диригент во Претседателскиот симфониски оркестар, која е останала и до денес. Обично се пеат само првите 2 строфи.

Лист хартија со првите две строфи од химната бил прикажан на реверсот на банкнотите од 100 турски лири 100 од 1983-1989 г.[1]

Текст[уреди]

турски

Korkma, sönmez bu şafaklarda yüzen al sancak;
Sönmeden yurdumun üstünde tüten en son ocak.
O benim milletimin yıldızıdır parlayacak;
O benimdir, o benim milletimindir ancak.

Çatma, kurban olayım çehreni ey nazlı hilal!
Kahraman ırkıma bir gül! ne bu şiddet bu celal?
Sana olmaz dökülen kanlarımız sonra helal,
Hakkıdır, Hak'ka tapan, milletimin istiklal!

македонски

Не плаши се! Црвенoто знаме што се лулее во овој славен самрак никогаш нема да избледее,
Пред последното вжарено огниште на мојата нација да исчезне.
Тоа е ѕвездата на мојата нација што секогаш ќе блеска;
Моја е и и припаѓа само на мојата храбра нација.

Драга полумесечино, не те напуштам. Би го дал својот живот за тебе.
Насмевка за мојот херојски род! Зошто лутина, зошто бес?
Инаку нашата крв што ја пролеавме заради тебе нема да биде благословена;
Заради слободата, апсолутно е исправно за мојата Божја нација.

Наводи[уреди]

  1. Central Bank of the Republic of Turkey. Музеј на банкноти: Група од 7. емисија - Сто турски лири - I. Series & II. Series.