Мартин Халер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мартин Халер
Роден(а) декември 1, 1835(1835-12-01)
Хамбург
Починал(а) мај 26, 1925(1925-05-26) (на 89 год.)
Хамбург
Националност Германец

Мартин Емил Фердинанд Халер (1835–1925) бил германски архитект, кој го проектирал Градскиот дом на Хамбург и зградата на генералниот конзулат на САД во Хамбург и член на хамбуршкиот парламент.

Ран живот и семејство[уреди]

Халер бил роден на 1 декември 1835 во Хамбург.Неговиот татко бил правникот Фердинанд Халер (1805–1876), градоначалник на Хамбург. Мајката на Халер, Адел, била Еврејка, ќерка на Амшел Опенхајмер. Халер ја посетувал гимназијата Gelehrtenschule des Johanneums до 1855. Халер студирал архитектура во Потсдам, Берлин, Париз и Англија.[1]

Во 1865, Халер се оженил со Антони (порано Шрам, 1846–1925) и имал син Фердинанд (1871–1963), кој бил заменик директор на HAPAG и три ќерки, Антони, Мари и Елен.[1]

Халер умрел на 26 мај 1925 во Хамбург.[1]

Кариера во Хамбург[уреди]

Во 1861, Халер се вратил во Хамбург и отворил биро. Тој бил 10 години претседател на професионалната организација на архитекти и член на Хамбуршкиот парламент 14 години. Во 1880, Халер и 8 други архитекти основале синдикат и му презентирале на Сенатот на Хамбург нова верзија за Градскиот дом на Хамбург. Во 1886, изградбата почнала.[1]

Халер планирал повеќе од 562 градежни проекти.[1]

Влијание[уреди]

A portal with the front of two elephants beside the door.
Afrikahaus изграден од 1900–01, во 2004.
A multi-storey office building in front of a waterbody.
Канцелариската зграда на HAPAG, изградена 1901–03, пред самото езеро Биненалстер, во 2006.


Халер бил под влијание на Шарл Гарние, архитект на Париската опера; Готфрид Земпер и италијанската висока ренесанса. Тој не го сакал движењето сецесија.[1]

Избрани дела[уреди]

Почести[уреди]

Градот Хамбург му оддал почест на Хале со улицата Hallerstraße (Халерштрасе). 53°34′21″ СГШ 9°59′20″ ИГД / 

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Hans-Jürgen Brandt (1966), „Haller, Martin“ (на German), „Neue Deutsche Biographie“ (Berlin) Band 7: 553–554, http://mdz10.bib-bvb.de/~db/0001/bsb00016325/images/index.html?seite=569 

Надворешни врски[уреди]