Марсељеза

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
La Marseillaise
македонски: Марсељеза
Marche des Marseillois.jpg
Факсимил од текстот и нотите на песната
национална химна на  Франција
Позната како Chant de guerre de l'Armée du Rhin
(Марш на армијата од Рајна)
Текст Клод Жозеф Руже де Лил, 26. април 1792 г.
Музика Клод Жозеф Руже де Лил, 1792 г.
Прифатена 1795 г.

Марсељеза (франц.: La Marseillaise, што значи: Марсејска песна) е државна химна на Франција.

Марсељезата ја напишал Клод Жозеф Руже де Лил[1] во ноќта помеѓу 25. и 26. април 1792 година, во текот на објавувањето на војната на Австрија во Стразбур. Најпрво таа се викала Марш на армијата на Рајна (Chant de guerre pour l'armée du Rhin) и била посветена на грофот Николас Лакнер, заповедник и гувернер на Стразбур. Името го добила на 30. јули 1792 година, затоа што се пеела при влегувањето на 500 доброволци од Марсеј во Париз.

На 14. јули 1795 година Марсељезата била прогласена за државна химна на Франција.

Текст[уреди]

Марсељезата е составена од 7 строфи и рефрен, но на официјални настани се исполнуваат само првата строфа и рефренот. Музиката и текстот на песната претрпеле многу промени во текот на годините.

Поради воениот карактер на оваа песна, често нејзиниот текст бил критикуван како агресивен. Затоа, имало повеќе обиди за повторно пишување на текстот, но сепак тој останал непроменет, бидејќи се смета за симбол на Француската револуција.


(првата строфа и рефренот:)

Allons enfants de la Patrie,
Le jour de gloire est arrivé !
Contre nous de la tyrannie,
L'étendard sanglant est levé, (bis)
Entendez-vous dans les campagnes
Mugir ces féroces soldats ?
Ils viennent jusque dans vos bras
Egorger vos fils et vos compagnes !

рефрен:

Aux armes, citoyens,
Formez vos bataillons,
Marchons, marchons !
Qu'un sang impur
Abreuve nos sillons !

Ајде, деца на татковината!
Дојде денот на славата!
Против нас е подигнато
Крвавото знаме на тиранијата!
Го слушате ли во полињата
Викањето на здивените војници?
Тие ви доаѓаат во прегратка
Да ги убијат вашите синови, вашите сопруги.

рефрен:

На оружје, граѓани!
Формирајте свои баталјони!
Да маршираме! Да маршираме!
Нека нечистата крв
Ги натопи нашите бразди!

Надворешни врски[уреди]


Наводи[уреди]

  1. Modern History Sourcebook: La Marseillaise