Марли и јас (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Марли и јас (Marley and Me)“
Официјален постер
РежисерДејвид Франкел
ПродуцентГил Нетер
Кевин Халоран
СценаристСкот Франк
Главни улогиОвен Вилсон
Џенифер Анистон
Ерик Дејн
Алан Аркин
Жанркомедија
МузикаТеодоре Сафиро
Дистрибутер20th Century Fox
Премиера25 декември 2008
Времетраење115 мин.
Земја САД
Јазиканглиски
Буџет25 мил. долари
Бруто заработка$215,692,475

Марли и јас (англиски: Marley and Me) е американски комедијафилм на од 2009 год. Филмот својата премиера ја имаше на Божиќ, на 25 декември и го освои рекордот во 14.175.000 продадени билети за премиерата за време на Божиќ.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Додека снегот упорно паѓа ноќта на нивната венчавка, младиот брачен пар, Џон (Овен Вилсон) и Џени Гроган (Џенифер Анистон), одлучуваат да ја напуштат лошата зима во Мичиген и да се упатат на југ и да започнат нов живот на Флорида. Двајцата се вработувааат како новинари во конкурентски локални вести, го купуваат својот прв дом и заедно тргнуваат на авантура на бракот, нова кариера и нов живот. Инаку Џон и Џени се сложуваат одлично, но кога е во прашање “проширувањето” на семејството, нивните ставови се спротивставуваат. Несигурен во тоа дека е спремен за деца, Џон својот страв му го признава на пријателот и колега Себастијан, кој му нуди совршено решение, тој да и купи на Џени, куче. Звучи како добра идеја, но тогаш на сцената настапува Марли.

Тие го купуваат слаткиот златен лабрадор, кој за многу кратко време пораснува во огромно куче полно со енергија, претворувајќи го нивниот дом во вистински хаос. Го исфрлаат на натпревари за кучиња, гризе ѕидови, го јаде троседот, ги превртува кантите за ѓубре, ја кради мисирката на Денот на благодарноста итн. Дури ни најновата огрлица на Џени не е сигурна покрај острите заби на Марли. И покрај тоа, хаосот кој со текот на годините успеал да го направи, Марли и понатаму го следи нивниот живот. Заедно со промените на работа, куќните адреси и бројот на членовите во фамилијата. Џон, Џени и Марли и покрај сите незгоди ќе останат заедно.

Глумечка екипа[уреди | уреди извор]

Глумци Ликови
Џенифер Анистон Џени Гроган
Овен Вилсон Џон Гроган
Алан Аркин Арни Клајн
Ерик Дејн Себастијан Туни
Хали Хадсон Деби
Хали Бенет Лиса

Филмски критики[уреди | уреди извор]

Марли и јас, на мрежното место Ротен Томатоес е оценет со задоволителни 61%, а зошто оцената е баш таква, ќе дознаеме наскоро. Како и секогаш, критики има различни – ‘Ако сакате да видете возрасна личност како плаче, одите со неа и изгледате го овој филм’. (ReelViews). Е сега, овој коментар би можело двојако да се разбери, но критичарот кој го напишал е задоволен од виденото. А да не мислат така сите докажува и оваа критика на Washington Post: ‘Кога веќе сите ќе сфатите дека една добра книга не крие и еднакво добар филм. Ова заедно е еден голем промашај.’

Без обзир на критиките, изгледа дека филмот многу им се допадна на публиката и во два месеца освои повеќе од 142 мил. долари а тајната на успехот е напишана во консензусот на веќе споменатата страница – Марли и јас.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]