Марк Нопфлер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Марк Нопфлер

Марк Нопфлер (роден на 12 август 1949) е британски гитарист, пејач, текстописец, продуцент и филмски композитор. Марк Нопфлер е најпознат како гитарист, пејач и текстописец на британскиот рок бенд Дајар Стрејтс, кој што го основал во 1977 година со неговиот брат Дејвид. По распуштањето на Дајар Стрејтс во 1995 година, Нопфлер продолжил да снима и продуцира албуми како соло гитарист под свое име. Нопфлер повремено бил дел од други групи како што е Нотинг Хилбилис и има гостувано на делата од други артисти вклучувајќи ги: Јоан Арматрадинг, Чет Аткинс, Чеифтенс, Ерик Клептон, Данди, Вархолс, Боб Дилан, Брајан Фери, Џон Фогерти, Емилу Харис, Џеф Халеи, Јолс Холанд, Сони Ландрет, Фил Линот, Ван Морисон, Гери Раферти и Стили Ден. Исто така тој има продуцирано албуми за пеачите како Тина Тарнер, Боб Дилан, Вили Девил и Ренди Њуман. Негови музички партитуди се: Метроленд, Локален херој, Кал, Последниот излез за Бруклин, Кучето Ваг, класиката на Роб Рајнер и Принцезата невеста. Тој е еден од најпочитуваните гитаристи на современата рок ера кои свират со прсти и беше рангиран на 27 место на листата на списанието Ролинг Стоунс на стоте најголеми гитаристи на сите времиња. Марк Нопфлер и Дајар Стрејтс до денес имаат продадено над 120 милиони албуми. Тој има три почесни докторати за музиката во Велика Британија.

Живот и Кариера[уреди]

1949-1976 – Детство и младост Нопфлер е роден во Глазгов-Шкотска од мајка англичанка и татко унгарец-архитект чии што анти-фашистички симпатии го присилиле да избега од режимот во неговата родна Унгарија. Семејството прво се преселило во Шкотска но потоа кога тој имал околу седум години се преселило во Блит, родниот град на мајката на Нопфлер, кој се наоѓа во североисточниот дел на Англија. Таму тој и неговиот помлад брат Дејвид го посетуваат основното училиште во Госфорд, каде што тој бил инспириран од хармониката на неговиот чичко Кингсли и буги-вуги пиано играта. Подоцна во неговите тинејџерски години сака да купи скапа црвена фиеста –Фендер Стратокастер како на Хенк Марвин но мора да се задоволи со 50 фунти за близнакот –Пикап-Хофнер. Во текот на 1960 година тој ги формирал и се приклучил на анонимните средношколски бендови и ги слуша пеачите како што се: Елвис Присли и гитаристите Чет Аткинс, Скоти Мур, Б.Б. Кинг, Џанго Рајнхарт, Хенк Марвин и Џејмс Бартон. На 16 годишна возраст тој направил локален телевизиски настап како дел од дуото хармонија, заедно со еден пријател од училиште наречен Су Херкам. Во 1967 година имајќи прикажан талент за англиски јазик, Нопфлер една година студирал новинарство во Харлоу-техничкиот колеџ. На крајот од курсот тој си обезбедил работа во Лидс како помлад новинар на Вечерен-Јокшир-Пост. Две години подоцна тој одлучил да ги продолжи своите студии и на крајот да дипломира на катедрата по англиски јазик на Универзитетот во Лидс. Тој ја остава неговата работа како новинар надевајќи се дека ќе продолжи со музичката кариера и настапувал со паб бендовите низ градот. Тој работел како вонреден професор на колеџот Лоугтон и настапувал со пријателите во бендот наречен Кафе тркачи. Тој исто така во овој период настапувал во неколку бендови како што е ,,Сребрени потпетици`` и дуото со долго годишниот британски соработник –блузерот Стив Филипс, кој подоцна станува член на ,,Нотинг Хилбилс``. Тој исто така бил во студиото на Хардинг Брамели, Лидс, каде што во април 1970 година снима ,,демо-диск`` на оригиналната но неиздадена песна -,,летото доаѓа на мој начин``. Песната била напишана од самиот Нопфлер. Во персоналот на снимањето биле Марк Нопфлер (гитара и вокал), Стив Филипс (втора гитара), Дејв Џонсон (бас) и Пол Гренџер (ударни инструменти). Џонсон и Гренџер беа членови на групата ,,Сребрени потпетици`` на Нопфлер која исто така го вклучува Мик Девирст како вокал. Нопфлер подоцна се преселил во Лондон и се приклучил на бендот наречен ,,Бреверс Дроп`` кој се појавува на албумот ,,Алкохол браќа``. Една вечер додека го поминувал времето со пријателите, единствената достапна гитара била старата акустична со лошо свиткан врат кој бил нанижан со екстра-лени жици за да биде употреблива.Сепак тој установува дека невозможно е да се свири доколку не се употребат прстите. Тој подоцна во интервјуто рече : ,,Тоа беше местото каде што го најдов мојот глас на гитарата``. Марк го приклучува брат му Дејвид во еден бенд под име ,,Кафе тркачи`` но исто така си наоѓа и друг музички партнер цимерот на Дејвид-Џон Илсли, гитарист кој во почетокот ја заменил бас гитарата и станал единствен член на Дајар Стрејтс кој фигурира низ кариерата на бендот.


Личен живот[уреди]

Марк Нопфлер бил во брак три пати. Додека живеел во Лидс, тој се оженил со Кети Вајт, неговата долгогодишна девојка од училишните денови. Тие се разделиле пред Нопфлер да се пресели во Лондон и да се приклучи кон Бреверс дроп. Нопфлер се оженил по втор пат во ноември 1983 година со Лурдес Саломони и станал татко во 1987 на синови близнаци Бенџи и Џозеф и за двајцата тој велел дека се музички талентирани и амбициозни пеачи. Бракот на Нопфлер со Саломони завршил во 1993 година. Третиот брак на Нопфлер е со актерката Кити Алдриџ и таа му даде две ќерки Изабела (родена 1998 ) и Кадја Руби Роуз (родена 2003 ). Семејството моментално живее во Челзи.

Музички стил и опрема[уреди]

Марк Нопфлер е левак но свире со десна рака и со прсти ( користејќи сопствена варијанта од Клахемер стилот) наместо да користи плектрум. Свирењето со прсти обично е поврзано со акустичната гитара, но Нопфлер обично ( но не секогаш) свири на електрична гитара. Нопфлер откри за време на едно француско интервју дека користи плектрум за неговиот ритам на работа за време на снимањето на сесиите. Нопфлер го изненади водителот на интервјуто со вадење на плектрум од неговиот џеб и велејќи дека тој обично носи еден. Нопфлер одамна фаворизира Фендер Телекастер и Стратокастер стил на гитари. Марк Нопфлер носи Фендер серија Стратокастер. Во текот на 1980 година Нопфлер почнал да го цени гласот на Гибсон Лес Пол и неговите оригинали од 1958 биле редовно користени во студиото и на сцената.