Марк Винициј

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Марк Винициј (околу 5 година п.н.е. - 46 година наша ера) бил римски конзул и сопруг на Јулија Ливила, зет за внуката на императорот Тибериј.[1] Бил син и внук на двајца конзули, Публиј Винициј (конзул во 2 година наша ера) и Марк Винициј (конзул во 19 година п.н.е.).

Винициј бил вклучен во атентатот врз императорот Калигула и некое време, се обидел и самиот да седне на тронот.[2]


Откако Клавдиј станал император, Винициј го придружувал во освојувањето на Британија во 43 година од нашата ера, и бил награден со „орнамента триумфали“ (латински ornamenta triumphali). Во 45 година, награден е со посебно одликување - второ конзулство. Но, канцеларијата ја имал само од 1 јануари до 1 март.

Други извори[уреди]

  • Syme, Ronald (1939). The Roman Revolution. Oxford: Clarendon Press.
  • Vogel-Weidemann, Ursula (1982). Die Statthalter von Africa und Asia in den Jahren 14-68 n. Chr.: Eine Untersuchung zum Verhältnis Princeps und Senat. Bonn: Habelt.

Во уметноста[уреди]

Рефренци[уреди]

  1. Vogel-Weidemann, Statthalter 313; Syme, Roman Revolution 499
  2. Josephus ant. Iud. 19, 102. 251