Марко Ригони

Од Википедија — слободната енциклопедија
Марко Ригони
Marco Rigoni
Лични податоци
Роден на 5 јануари 1980(1980-01-05)(44 г.)
Роден во Монтегрото Терме, Италија
Висина &100000000000001780000001,78 м
Позиција централен играч за врска
Клупски податоци
Сегашен клуб Кјево
Број TBA
Младинска кариера
Падова
Јувентус
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1999–2003 Јувентус 1 (0)
2001Равена (позајмен) 13 (2)
2002Цитадела (позајмен) 1 (0)
2003-2006 Триестина 94 (6)
2006-2009 Тернана 67 (16)
2006-2007Пескара (позајмен) 32 (3)
2009- Новара 103 (18)
2012- Кјево 0 (0)
Репрезентација
1998 Италија 18 6 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Марко Ригони (роден на 5 јануари 1980 година) — италијански фудбалер кој игра за Кјево во Серија А, како позајмен од екипата на Новара. Тој има одиграно повеќе од 150 натпревари во Серија Б.

Кариера[уреди | уреди извор]

Роден во Монтегрото Терме, (Провинцијата Падова) Ригони ја започна својата кариера во родниот град во тимот на Падова. Потоа му се приклучува на тимот на Јувентус, во прво време играјќи како напаѓач, но по само еден настап во Серија А (против екипата на Венеција на 17/1/1999), беше позајмен на Равена во јануари 2001 година и Цитадела во јануари 2002 година во Серија Б, пред да потпише со Триестина во јануари 2003 година. Тој го раскинува неговиот договор со Јуве со цел да и се приклучи на Триестина.

Тој играше редовно во Триестина, но во јануари 2006 година тој беше продаден на друг тим од Серија Б, екипата на Тернана. Откако тимот испадна во Ц1 Лигата, тој замина во Пескара во Серија Б на заем. Тој се врати во Терни во 2007-08 сезона, а потоа му беше понуден и нов 2-годишен договор во 2008 година.

Во летото 2009 година, тој потпиша за Новара каде одново почнува да соработува со Атилио Тесер неговиот тренер од периодот во Триестина. Тој го носи својот тим, до две последователни промоции, прво влегување во Серија Б во 2010 година, а потоа и во Серија А во 2011 година. Во сезоната 2011-12 во Серија А, Ригони ја имаше веројатно неговата најдобра сезона како професионалец, постигнувајќи цели 11 гола за тимот и имаше 8 асистенции. Тој се прослави со два постигнати гола во 4-тото коло кога Новара го победи Интер со 3-1, што беше прва победа за Новара во исто толку соочување со славниот италијански клуб. Во мај 2012 година, тој постигна хет-трик против екипата на Чезена во победата од 3-0. Но, и покрај напорите на Ригони, и тоа што тој беше клучен играч на екипата, Новара се врати назад во Серија Б таа сезона завршувајќи на претпоследното 19-то место на табелата со 32 бода.

По испаѓањето на Новара од Серија А, Ригони потпиша на едногодишна позајмица со друга екипа од најквалитетната италијанска лига, Кјево Верона. По завршување на сезоната 2012-2013 во Серија А, Кјево има опција да го откупи неговиот договор во целост.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]